„Дева денес Го раѓа Предсуштествениот, и земјата Му нуди пештера на Непристапниот. Ангелите со пастирите Го славословат, а мудреците со ѕвездата патуваат, оти заради нас се роди младо дете - предвечниот Бог“ (кондак на Рождество Христово - Божик).
На 07.02.2019 година, на денот на славното Рождество Христово - Божик, кога го празнуваме доаѓањето по тело на предвечниот Бог, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Игор Никовски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, со благослов на Митрополитот Тимотеј, протоереј-ставрофор Никола Христоски го прочита Божикното послание, испратено од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, кое ви го пренесуваме во целост.
jordan Sneakers | spike shoes nike running shoe size chart boys





