„Од земјата си заминал кон небесните живеалишта, каде што ја гледаш неискажливата убавина Христова, и на ангелите соговорник се покажа. Затоа, отче Николае, ликувајќи со апостолите и мачениците, за сите нас непрестајно моли се на Господа“ (песна од канонот на Утрена на свети Николај Мирликиски Чудотворец).

 

На 19.12.2018 година, денот кога го прославуваме споменот на „Правилото на верата“ - светиот Николај Мирликиски Чудотворец, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, еромонахот Доситеј, свештеникот Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Анатолиј. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest Running Sneakers | jordan Release Dates

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Денеска, нашата света Црква прославува еден голем Божји угодник од IV век. Тоа е св. Никола Мирликијскиот Чудотворец. Најсодржајната песна, каде што се опишува ликот и делото на Божјиот угодник, според црковната терминологија, се нарекува тропар. Во тропарот на овој Божји угодник се вели: Правило на верата и образ на кротоста. Неслучајно светата Црква го велича и го прославува св. Никола како правило на верата. Како што знаеме од житието, св. Никола бил епископ во градот Мир во областа Ликија, во денешна Турција.


Таму, како пастир и архиереј на своето стадо, развил многу каритативни дејности, преку кои ја заштитувал Православната вера. Истовремено, ги утврдувал верните во цврстината и длабочината на христијанските доктрини, учења, но пред сè и над сè, св. Никола се покажал како вистински Божји угодник. Се покажал како вистински Божји угодник со својот живот и со своите постапки, во епархијата каде што архипастирствувал. Со неговиот свет живот и со неговиот авторитет, избавувал многу праведни души, коишто биле наклеветувани. Некои од нив дури биле и осудувани на смрт. Но, по неговото застапништво и со силниот архиерејски авторитет истите ги избавувал. Избавувал и многу семејства од најразлични пороци, помагајќи ги како духовно, интелектуално и верски, но, уште повеќе во практичниот овоземен живот, помагајќи ги материјално, а сè со цел, да ги зачува нивните угледи и моралните ликови.


За св. Никола ништо не било поважно отколку спасението на душата на секој христијанин. Иако се вели дека бил правило на верата и образ на кротоста, знаеме дека бил и силен поборник за зачувување на чистотата на верата. Како учесник на Првиот вселенски собор во Никеја, во 325 година, од ревност ќе му удри шлаканица на еретикот Ариј, затоа што Ариј погрешно учел за природата на Господа Исуса Христа. Кроток кон својата паства, но силен и мажествен бранител на чистотата на верата и на редот и поредокот во Црквата.


Иако се поминати веќе XVII века од неговото телесно напуштање на овој свет, неговото име и денеска се слави кај сите христијански народи. Пред неговите свети мошти, кои се наоѓаат во базиликата посветена во негово име во Бари, Јужна Италија, колони народ му се обраќаат за помош. Тој, пак, како Божји угодник, ниедна христијанска душа, која со вера и искрена желба бара негова помош и застапништво, нема да ја остави.


И ние, коишто сме собрани во неговиот свет храм, да се обратиме со искрена молитва кон св. Никола. Да ни ги зацврсти верата и љубовта. Да се огледаме на неговиот пример и не само да го подражаваме во верата, туку и во делата и така, да посведочиме дека сме вистински Христови чеда измолувајќи спасение на нашите души. Амин!

 

Св. Никола Мирликијски
19. 12. 2018 год.
Храм „Св. Никола Геракомија" – Охрид

 

svnikola2018 1svnikola2018 2svnikola2018 3svnikola2018 4svnikola2018 5svnikola2018 6svnikola2018 7svnikola2018 8svnikola2018 9svnikola2018 10svnikola2018 11svnikola2018 12svnikola2018 13svnikola2018 14svnikola2018 15svnikola2018 16svnikola2018 17svnikola2018 18svnikola2018 19svnikola2018 20

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5