„Господи, за да му го откриеш на светот знакот пред кој ќе се поклонуваат, Ти го изобрази на небото знакот на Крстот пославен и посветол од сите, на царот непобедливо оружје. Затоа сите небесни сили Те величаат“ (песна од Канонот на Утрена на Воздвижение на чесниот и животворен Крст - Крстовден).

 

На 27.09.2018 година, денот кога го прославуваме празникот Воздвижение на чесниот и животворен Крст - Крстовден, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Игор Никовски, свештеникот Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред започнувањето на Литургијата, според Црковниот устав, насреде храмот беше изнесен светиот Крст, каде што беше воздвижен, а свештенството и верниот народ се поклонија пред духовното оружје, кое е слава на Црквата, поткрепа на верните, слава на ангелите и рана за демоните. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

best Running shoes brand | Nike Shoes
Повеќе...

„Дојдете сите да видиме, како од мала палата сега град Божји се раѓа, Кој низ врата на утробата излегува, без да знае за било какво општење: Единствено Бог Создателот низ неа помина, како по необична патека!“ (песна од Канонот на Утрена на Рождество на Пресвета Богородица).

 

Прославувањето на празникот Рождество на Пресвета Богородица во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, продолжи на самиот ден на празникот, на 21 септември, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Стевче Тошевски, свештениците Горан Ставрески, Александар Матески, Павел Крцоски и Сашо Целески, еромонасите Ефросиниј и Кирил, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. Потоа, Митрополитот Тимотеј изврши обиколка и во пошироката околина на манастирот, а ја освети и новата штала, која се подготвува по најнови стандарди и услови.    

bridgemedia | Nike Dunk Low Coast UNCL - Grailify
Повеќе...

„Претскажаната Царица на вселената, која Бог ја определи за Свое живеалиште, денес се роди од неплодна утроба - славната Ана. Преку неа, срамниот ад се уништи и Ева, мајката на човечкиот род, во сигурен живот се воведува. Нејзе достојно да ѝ запееме: Блажена си ти меѓу жените, и благословен е Плодот на твојата утроба“ (литиска стихира на Вечерна на Рождество на Пресвета Богородица).

 

Раѓањето твое, Богородице, радост ѝ јави на целата вселена, зашто од тебе засветли Сонцето на правдата - Христос нашиот Бог. Овој радосен призив на светата Црква, кој го најавува спасението на светот, не може, а да не предизвика бескрајна радост кај Христовото наследство, кое и оваа година, во неизмерен број, дојде во светиот Пречистански манастир, за да учествува во светлото торжество на празникот Рождество на Пречистата Мајка Богородица. Прославата на великиот празник започна на 20 септември, кога во вечерните часови беше отслужена празнична вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоереите Темелко од Прилеп и Стевче Тошевски, свештениците Горан Ставрески, Александар Матески, Павел Крцоски, Александар Димоски и Сашо Целески, еромонасите Доситеј, Макариј, Ефросиниј и Кирил, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски.

Sports brands | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177
Повеќе...

„Христе Боже, Кој со Твоето тридневно погребение си ја запленил смртта, и распаднатиот човек си го воскреснал со Твоето живоносно Воскресение, како Човекољубец, слава Ти“ (воскресен седален на Утрена, глас 7-ми).

 

На 16.09.2018 година, во Шеснаесеттата недела по Педесетница и на празникот на св. свештеномаченик Антим Никомидиски и св. маченичка Василиса, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Атанас Казанџиски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на храмот „Св. Петка“ во населбата Лагадин, Охрид. Храмот започна да се гради на 15.09.2013 година, а се изгради со средствата на црковниот одбор, чии членови се: Христо Петрески, Михаил Петрески, Димитар Таче Петрески (+2014), Петар Кормушоски, Александар Кормушоски, Горан Кормушоски, Томислав Писески и Владимир Писески, како и со донациите на сите добронамерни верници од населба Лагадин. Проектант на храмот е Томислав Писески од Скопје. По осветувањето, според црковниот устав, беше отслужена света архиерејска Литургија, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

buy footwear | Nike Air Max 270
Повеќе...

„Сега ни се јави Спасителовиот Крстител, на пустината красота и печат на пророците, и разумно ги весели мислите на верните, затоа се покажа како Христов Претеча и вистински сведок на Неговото доаѓање. Поради тоа, со духовни песни, заедно да му повикаме на Јована: Пророку и проповеднику на вистината, моли се за нас да се спасиме“ (стихира на втор седален на Утрена на Отсекување на чесната глава на свети Јован Крстител).

 

Славната смрт на Крстителот Христов, Претечата Јован, пророкот и проповедникот на вистината, и оваа година беше торжествено прославена во манастирот „Св. Јован Крстител - Бигорски“. Празнувањето на Јовановото преселување при Творецот, започна на 10 септември, во вечерните часови, со празнична вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Никола Христоски, игуменот Фотиј, еромонасите Доситеј, Макариј, Еразмо, Ефросиниј и Кирил, свештениците Горан, Миле Алексоски и Павел Крцоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. 

Running Sneakers Store | off white nike blazer retail shoes Verona Multi-Color DJ5065-144 , Fitforhealth
Повеќе...
Страница 124 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5