„Претскажаната Царица на вселената, која Бог ја определи за Свое живеалиште, денес се роди од неплодна утроба - славната Ана. Преку неа, срамниот ад се уништи и Ева, мајката на човечкиот род, во сигурен живот се воведува. Нејзе достојно да ѝ запееме: Блажена си ти меѓу жените, и благословен е Плодот на твојата утроба“ (литиска стихира на Вечерна на Рождество на Пресвета Богородица).

 

Раѓањето твое, Богородице, радост ѝ јави на целата вселена, зашто од тебе засветли Сонцето на правдата - Христос нашиот Бог. Овој радосен призив на светата Црква, кој го најавува спасението на светот, не може, а да не предизвика бескрајна радост кај Христовото наследство, кое и оваа година, во неизмерен број, дојде во светиот Пречистански манастир, за да учествува во светлото торжество на празникот Рождество на Пречистата Мајка Богородица. Прославата на великиот празник започна на 20 септември, кога во вечерните часови беше отслужена празнична вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоереите Темелко од Прилеп и Стевче Тошевски, свештениците Горан Ставрески, Александар Матески, Павел Крцоски, Александар Димоски и Сашо Целески, еромонасите Доситеј, Макариј, Ефросиниј и Кирил, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски.

Sports brands | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177

 

На Вечерната богослужба, по цели 54 години, оваа наша свештена обител доби уште две рамноангелски подвижнички, подготвени да го посветат својот живот на Бога и да Му служат во девственост, сиромаштво и послушание. Имено, Митрополитот Тимотеј ги потстрижи во монашки чин искушеничките Весне Петреска од Прилеп, која го доби монашкото име Пелагија, и Весна Дојчиновска од Охрид, која го доби монашкото име Февронија. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренсуваме.     

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Дали човечкиот разум и ум може да го сфати торжеството со коешто се избавува човечкиот род од смртта и од проклетството и се соединува со својот небесен Отец? Да се вратиме малку во историјата на овој празник. Семилостивиот Бог, уште преку старозаветните патријарси, го наговестувал доаѓањето на Месијата, преку Кој, ќе го избави Израилскиот народ, а покрај Избраниот народ, и сите луѓе. Тоа било причината, кај Еврејскиот народ, сите бракови, коишто немале пород, да се сметаат како нечесни, неправедни и брачните другари како големи грешници. Поради нивните наводни гревови и престапи, ете, и Бог, ги казнува да немаат пород. Кога, пак, немаат пород, тие не можат да бидат оние, преку кои, треба да дојде Искупителот и Месијата на родот човечки.

На многу места во Стариот завет имаме укажувања дека Бог понекогаш давал пород на праведници, во години кога според сите физички и биолошки закони, тоа е невозможно. Ќе ги споменеме Авраам и Сара, Захариј и Елисавета, но тие не се единствените.

Денеска, пак, ние го прославуваме раѓањето на св. Дева Марија од престари родители, односно од праведните Јоаким и Ана. Иако живееле свет и праведен живот, сепак, дочекале стари години, без пород. Ги поднесувале сите непријатности кои ги носел животот и истите достоинствено ги поднесувале како Божји дар, односно, крст којшто требало да го носат. Од житијата на овие праведни души, знаеме за еден настан, кога свештеникот во Ерусалимскиот храм, не сакал да го прими дарот за жртва, принесен од праведниот Јоаким, поради тоа што бил бездетен. Оваа навреда, овој презир, длабоко ги погодила обајцата праведници. После ова нивните молитви биле уште посилни, Бог да се смилува над нив и да го отстрани овој срам и презир, кој народот го имал кон нив. Бог ја услишил нивната молитва и преку архангелот Гаврил им ја пренел радосната вест. Веста дека ќе добијат дете, коешто ќе го наречат Марија. Така и се случило. На стари години ја добиваат својата рожба, а преку тоа бил симнат презирот, подбивањето и потценувањето од народот. Исто така, ангелот им кажал дека нивната рожба ќе биде прославувана од сите народи. Поради нејзината чистота, девственост и послушност, најпрво во храмот Ерусалимски, а потоа и во Јосифовиот дом, света Дева Марија ќе биде удостоена да Го донесе на светов, Месијата и Искупителот на родот човечки. Затоа, св. Дева Марија ја славиме како почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите.

И ние вечерва, кои присуствуваме на оваа вечерна богослужба, со сето срце да се обратиме кон овој величествен празник, Да се обратиме кон милосрдието Божјо, коешто повторно и повторно нè враќа кон патот на спасението. Господ го благослови тоа рождество и ги избра светите Јоаким и Ана, кои непорочно одеа по патот на заповедите Божји. Благослови пород на оние кои примаа сè без роптање, угодувајќи Му на Бога и покажувајќи во сè покорност и послушност на волјата Негова. Да просиме и молиме Семилостивиот Бог, преку нивните молитви да нè удостои да го славиме и прославуваме рождеството на мајката Божја, носејќи го достоинствено и вистински името христијанско.

Примерот на св. Ана и на Пресвета Богородица, со нивната послушност и исполнување на Божјите заповеди, нека бидат пример на подражавање и на сестрите коишто вечерва ги зедоа монашките завети. Та и тие, во послушност и покорност на Словото Божјо, да го носат нивниот подвижнички живот за прослава на Бога, за достоинството на оваа света обител, а најважно, и пред сè, за спасението на нивните души.

Пресвета Богородице, спаси нè!

 

Рождество на Пресвета Богородица – вечерна

20. 09. 2018 год.

Манастир „Св. Богородица Пречиста " – Кичево

 

vecrozdesbog2018 1vecrozdesbog2018 2vecrozdesbog2018 3vecrozdesbog2018 4vecrozdesbog2018 5vecrozdesbog2018 6vecrozdesbog2018 7vecrozdesbog2018 8vecrozdesbog2018 9vecrozdesbog2018 10vecrozdesbog2018 11vecrozdesbog2018 12vecrozdesbog2018 13vecrozdesbog2018 14vecrozdesbog2018 15vecrozdesbog2018 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5