„Ти се збогати со благодатта Божја, а делата ги сообрази со твоето име, Бенедикте, и се покажа како угодник на Христа Бога во молитвите и постовите, исполнет со даровите на Духот Божји. Ти си бил и исцелител на болните, и прогонител на вразите, и брз заштитник на душите наши“ (кондак на преп. Бенедикт Нурсиски).

 

На 16.10.2018 година, на празникот на св. свештеномаченик Дионисиј Ареопагит и на св. Јован Хозевит, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на параклисот посветен на преподобен Бенедикт Нурсиски во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Г. Манастирец, Македонски Брод. По осветувањето на параклисот, беше отслужена света архиерејска Литургија, по која Митрополитот Тимотеј му посака на настојателот на манастирот, монахот Бенедикт, уште многу успеси во возобновувањето на манастирот. 

Best Authentic Sneakers | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ
Повеќе...

„Блескајќи со твојот омофор повеќе од сончевите зраци, ја осветуваш Црквата и луѓето, и го изгонуваш мракот на гревовите наши со твојата посета, Богородице, на твојот Син и Бог за нас молејќи се“ (песна од канонот на Утрена на Покров на Пресвета Богородица).

 

На 14.10.2018 година, во Дваесеттата недела по Педесетница, и на празникот Покров на Пресвета Богородица и свети Јован Кукузел, во параклисот „Покров на Пресвета Богородица“ во Резиденцијата на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Running Sneakers | off white nike blazer retail shoes Verona Multi-Color DJ5065-144 , Fitforhealth
Повеќе...

„Некогаш народите беа расеани поради дрскоста на градителите на кулата, а сега народите се исполнија со мудрост поради славното Богопознание. Таму Бог ги осуди безбожните поради нивниот грев, а овде Христос со Духот ги просветли рибарите. Тогаш наместо казна беа измешани јазиците, а сега се обновува едногласноста на душите наши“ (стиховна стихира на Слава... на Вечерна на Педесетница).

 

Недостижна е врвната сила на Бога, Кој преку Својот Дух ги прави верните премудри говорници и ги исполнува со познанието на Света Троица. Преку тоа славно Богопознание, како што вели и црковниот поет, се гради и постојано се обновува едногласноста на нашите души. Таа едногласност кај нашиот верен народ, некогаш и од внатре, но најчесто од надворешни сили, била и нарушувана, но никогаш не била целосно срушена и прекината. Светиот Дух, пак и пак, ја враќал и ги обединувал своите верни чеда, кои, пак, никогаш не ја губеле надежта во Него. 

Buy Kicks | Nike nike air max paris 1 patch 2017 , Sneakers , Ietp STORE
Повеќе...

На 01 и 02 октомври 2018 година, во манастирот „Пресвета Богородица - Заум“ во Трпејца, Охрид, беше одржан свештенички семинар за свештенството од Дебарско-кичевската епархија. Како што доликува на христијаните, секоја работа да се започнува со молитва, така и овој наш семинар започна на 01 октомври во вечерните часови, кога беше отслужена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, свештениците Александар Димоски и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Утредента, на 02 октомври, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Александар Димоски и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тиомтеј се обрати кон свештенството со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. 

Running sneakers | Men’s shoes
Повеќе...

„Трите свеќи кои со мудрост сјаеја, Вера, Љубов и Надеж, кои јасно блескаа со просвештение од Света Троица, пресветло ги просветлуваат црквите, заради наше спасение и заштита“ (песна од канонот на Утрена на празникот на св. мч-ца Софија и нејзините три ќерки: Вера, Надеж и Љубов).

 

На 30.09.2018 година, во Осумнаесеттата недела по Педесетница и на празникот на св. мч-ца Софија и нејзините три ќерки: Вера, Надеж и Љубов, во катедралниот храм „Св. Софија“ беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески, Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

jordan Sneakers | jordan Release Dates
Повеќе...
Страница 123 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5