„Благородна нива Христова си бил, Георгие, обработена со маченички подвизи и, како преславно богатство, Судијата те положи во небесните ризници, поради твоите извонредни успеси“ (песна од канонот на Утрена на св. вмч. Георгиј).

 

Празнувањето на св. вмч. Георгиј, во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебар, продолжи на 06.05.2019 година, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј, Еразмо, Ефросиниј и Кирил, свештеникот Љупчо Бакрачески и ероѓаконите Порфириј, Силуан и Анатолиј. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

jordan release date | シューズ
Повеќе...

„Ние те знаеме тебе како ѕвезда многусветла, како сонце што на небескиот свод сјае, како бисер скапоцен, како камен што болска, како син на денот, како доблесен маченик, како поборник за верните; славејќи го твојот спомен, те славиме во неволјите, победоносецу Георгие“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на св. вмч. Георгиј).

 

Озарени со светлината на Христовото Воскресение, го прославивме и светиот великомаченик и победоносец Георгиј, кој со своите велики и неописливи страдања, заедно со сите други незбројни маченици од диптихот на светиите, го запечати сведоштвото за Воскреснатиот Христос. Великиот маченик беше торжествено прославен во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебар, а торжествата започнаа со празнична Вечерна богослужба, на 05.05.2019 година, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Сашо Богданоски, протоерејот Митре Попоски, еромонасите Доситеј, Макариј, Еразмо, Ефросиниј и Кирил, свештениците Љупчо Бакрачески и Миле Алексоски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. Воскресенската радост и великомаченичкото сведоштво на заштитникот на светата обител, станааа неизмерно големи, со потстрижувањето на три нови сестри во Христа, кои во беспрекорно послушание и несебича пожртвуваност го поминаа патот на искушеништвото. Митрополитот Тимотеј ги потстрижа во монашки чин Мимоза Менкиноска од Струга, која го доби името Филотеја, Флорина Танасоска од Битола, која го доби името Фотина, и Христина Спировска од Охрид, која го задржа своето име Христина. Од името на нашиот Владика, и од името на Епархијата, им посакуваме на новите монахињи добар подвиг, смирение и благочестие, та да ја оправдаат монашката риза, а нивните имиња да бидат запишани во книгата на животот. По завршувањето на Вечерната, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Adidas footwear | Nike Off-White
Повеќе...

„Со љубопитната десница, Тома ги испита Твоите животодателни ребра, Христе Боже, кога си влегол низ заклучените врати, и со другите ученици викаше: Ти си мојот Господ и Бог!“ (кондак на Утрена на Томина недела).

 

На 05.05.2019 година, во Неделата на Антипасха - Томина недела, во храмот „Св. Никола“ во Долна Маала во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Сашо Ристески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Running Sneakers Store | Best Selling Air Jordan 1 Mid Light Smoke Grey For Sale 554724-092
Повеќе...

„Богоблагодатна Дево, од твојот извор кој тече непрестајно, ти ми даваш вода од твојата благодат неискажливо. Затоа ти се молам тебе, која надумно Го роди Словото, пороси ме со благодатта, за да ти викам: Радувај се, водо спасителна!“ (кондак на Утрена во Петок од Светла седмица).

 

На 03.05.2019 година, во Петокот од Светлата седмица - Источен Петок (Балаклија), во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

Authentic Nike Sneakers | Gifts for Runners
Повеќе...

„Господи, жените мироносици трчаа кон гробот да Те видат Тебе - Христа, Кој заради нас пострада. И, ког пристигнаа, најдоа ангел седнат на каменот од страв тргнат, и повика кон нив, велејќи: Воскресна Господ! Кажете им на учениците дека воскресна од мртвите Оној што ги спасува душите наши“ (воскресна стихира на Утрена на Светли Четврток).

 

На 02.05.2019 година, на Светли Четврток, во храмот „Св. Јован Богослов“ - Канео во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Adidas footwear | Air Jordan 1 Low White/Black-Midnight Navy For Sale – Fitforhealth
Повеќе...
Страница 111 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5