„Ние те знаеме тебе како ѕвезда многусветла, како сонце што на небескиот свод сјае, како бисер скапоцен, како камен што болска, како син на денот, како доблесен маченик, како поборник за верните; славејќи го твојот спомен, те славиме во неволјите, победоносецу Георгие“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на св. вмч. Георгиј).

 

Озарени со светлината на Христовото Воскресение, го прославивме и светиот великомаченик и победоносец Георгиј, кој со своите велики и неописливи страдања, заедно со сите други незбројни маченици од диптихот на светиите, го запечати сведоштвото за Воскреснатиот Христос. Великиот маченик беше торжествено прославен во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебар, а торжествата започнаа со празнична Вечерна богослужба, на 05.05.2019 година, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Сашо Богданоски, протоерејот Митре Попоски, еромонасите Доситеј, Макариј, Еразмо, Ефросиниј и Кирил, свештениците Љупчо Бакрачески и Миле Алексоски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. Воскресенската радост и великомаченичкото сведоштво на заштитникот на светата обител, станааа неизмерно големи, со потстрижувањето на три нови сестри во Христа, кои во беспрекорно послушание и несебича пожртвуваност го поминаа патот на искушеништвото. Митрополитот Тимотеј ги потстрижа во монашки чин Мимоза Менкиноска од Струга, која го доби името Филотеја, Флорина Танасоска од Битола, која го доби името Фотина, и Христина Спировска од Охрид, која го задржа своето име Христина. Од името на нашиот Владика, и од името на Епархијата, им посакуваме на новите монахињи добар подвиг, смирение и благочестие, та да ја оправдаат монашката риза, а нивните имиња да бидат запишани во книгата на животот. По завршувањето на Вечерната, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Adidas footwear | Nike Off-White

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Христос воскресе!


Би сакал да кажам неколку збора, пред сѐ наменети за трите новопотстрижени монахињи во оваа света обител. Ова е голем и важен ден за вас. Вие долго време се подготвувавте како манастирски искушенички во оваа света обител за да се удостоите со монашкиот повик. На таа ваша желба, Бог погледна со милост и вечерва нѐ удостои овде да го извршиме свештениот чин на монашкото потстрижување.


Верувам дека вашиот стремеж кон монашкото битисување не е започнат од моментот кога сте ја пречекориле капијата на овој манастир. Верувам дека тој процес се случувал во вашите срца еден подолг временски период, како подготовка за вашата припрема за откажување од светот, додека созреало сознанието дека сте повикани кон овој позив. Ние како верници не веруваме во случајности во животот. Веруваме дека и големите и малите нешта во сечиј живот се случуваат како плод на Божјата промисла. Особено, пак, важните настани не можат да бидат објаснети како случајност. Но, колку еден човек е повикан на поголемо служење – толку повеќе, без сомневање, тоа се случува по волјата Божја. Од житијата на светиите знаеме дека избраниците за духовен подвиг биле повикани уште од мајчинската утроба за подвижништво и служење.


Монашкиот повик е висок и одговорен. И вас Господ ве избрал за да Му бидете смирени служителки со духовно служење во монашкиот повик. Он ве водел по вашите животни патишта. Тој ве довел и во оваа света обител. Какви и да биле вашите лични патишта, тие не можеле да завршат на друго место освен во оваа света обител. Со такво сознание треба да гледате на вашите досегашни животни патишта, на вашето повеќегодишно манастирско послушание, на вашата слобода со која решивте да примите монашки потстриг.


Монашкиот повик е висок и одговорен. Со човечките слаби сили тоа не може да се постигне. Треба да ги разберете зборовите на Господа Христа кои пред малку ги слушнавте: „Кој сака да врви по Мене треба да се одрече од себе, да го земе својот крст и да врви по Мене". (Лк. 9, 23-24) Ова е тежок долг, па ако сакаме буквално да го исполниме според нашата совест, да се оди по Христа и да се откаже човек од себе, тоа не е само монашки долг, туку тоа е повик кон сите христијани, бидејќи Христос на сите им вели: „Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене. И кој не го земе крстот свој и не оди по Мене не е достоен за Мене". (Мт. 10, 37-38)


Но ако тоа е долг на сите христијани, тогаш многу повеќе е на оние кои се откажуваат од светот и се повлекуваат во света обител за да живеат добродетелно и свето. Затоа, сестри, кои вечерва го примивте монашкиот, потрудете се да живеете според божественото учење на Господа Христа. Ќе повторам, тоа не е можно само со човечки сили, туку молете се на Бога да ви дава сила за да можете да се искачувате и духовно во монашкото подвижништво. Големите светила на монаштвото биле силни за да го победат светот во своите срца, но пред сѐ тоа го направиле со Божја помош. Затоа и Господ Христос вели: „Јас го победив светот". (Јн. 16, 33) Ако искрено се молите и барате помош од Христа и го следите Неговиот пат, бидете сигурни дека Неговата помош секогаш ќе биде со вас и ќе можете да ги надминете и полесно да ги пребродувате сите препреки и искушенија што животот неминовно ги носи и монашкиот подвиг полесно да го поднесувате. Силната и непоколеблива вера на патронот на овој свет манастир, чиј спомен, впрочем и вечерва го празнуваме, нека ви биде пример за храбро и непоколебливо одење по патот Христов. Вашиот монашки живот нека послужи за прослава на Троичниот Бог, за афирмација на Македонската православна црква и на оваа света обител, а пред сѐ за спасение на вашите души, сега и во сета вечност. Амин.


Ман. „Свети Георгиј Победоносец" Рајчица
05.05.2019 год.

Вечерна на Ѓурѓовден 

 

monashenje-rajchica-2019-3monashenje-rajchica-2019-4monashenje-rajchica-2019-7monashenje-rajchica-2019-8monashenje-rajchica-2019-9monashenje-rajchica-2019-12monashenje-rajchica-2019-15monashenje-rajchica-2019-16monashenje-rajchica-2019-17monashenje-rajchica-2019-18monashenje-rajchica-2019-19monashenje-rajchica-2019-20monashenje-rajchica-2019-21monashenje-rajchica-2019-22monashenje-rajchica-2019-23

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5