На 21.06.2019 година, во петокот од Неделата на светата Педесетница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоерејот-ставрофор Димче Ѓорѓиески и еромонасите Доситеј, Еразмо, Ефросиниј и Кирил, изврши осветување на новите крстови за храмот „Св. Кирил и Методиј“ во с. Битуше, скит на Бигорскиот манастир. Осветените месингани и позлатени крстови потоа беа поставени како круна на прекрасното здание, со голем труд од браќата од Бигорскиот манастир. На свечениот чин присуствуваа жителите на Битуше, жителите на соседните села, како и ктиторот на храмот, г-дин Горан Џиковски, кој заедно со своето семејство непрестајно ја помага изградбата на храмот. 

bridge media | M2k Tekno
Повеќе...

„Во Твоите дворови, Господи, со преклонети колена на душите и телата, ние верните Те воспеваме Тебе, беспочетниот Отец, и собеспочетниот Син, и совечниот и Пресвет Дух, Кој ги просветлува и осветува душите наши“ (хвалитна стихира на Утрена во Понеделникот на Светиот Дух).

 

На 17.06.2019 година, во Понеделникот на Светиот Дух, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, протоереите Кирил Јованоски и Јован Димитров, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Sport media | adidas
Повеќе...

„Откако ги покажа како залудни жестоките зборови на незнабошците, на апостолите кои на Сион го очекуваа Твоето слегување им го даде саканото наследство, печатот на Светиот Дух, на Словото Кое се раѓа од Отецот, Кој слезе во вид на огнени јазици и ги утврди“ (песна од канонот на Утрена во Недела на светата Педесетница).

 

На 16.06.2019 година, во Неделата на светата Педесетница, кога го прославуваме слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, а со тоа и роденденот на светата Црква Христова, во храмот „Св. Троица“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Кирил Јованоски и Јован Димитров, свештениците Ромео Петрески, Љупчо Бакрачески и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, според типикот на православната Црква, веднаш беше отслужена и Вечерна богослужба, на која беа прочитани трите молитви на Педесетница, во кои се помоливме за сите христијани, но и за сите порано упокоени отци, браќа и сестри со надеж за воксресение. На самиот крај, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а потоа се изврши и литија околу светиот храм. 

short url link | 2021 New adidas YEEZY BOOST 350 V2 "Ash Stone" GW0089 , Ietp
Повеќе...

„Венец на благодатта си примил од Бога за твоите страдања, мудар Еразмо, и венчан си потрчал кон Христа, Кого што си Го посакувал постојано, откако си ја отфрлил распадливоста, и си викал: Сите дела Господови, благословете Го Господа“ (песна од канонот на Утрена на св. Еразмо Охридски).

 

Празнувањето на светиот свештеномаченик Еразмо Охридскиот Чудотворец започна на 14.06.2019 година, во манастирот каде овој сведок Божји се подвизувал во Охрид, со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. 

Running Sneakers Store | Women's Nike Air Force 1 Shadow trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...

„На Охрид си пофалба, на Велес си украс, на мачениците слава и епископска пофалба, Варлааме, богомудар оче наш и на Христа страдалнику, се венец нетлен се овенча и во висините заблеска. Слава Му на Оној Кој ти даде крепост, слава Му на Оној Кој те овенча, слава Му на Оној Кој преку тебе точи исцеленија“ (тропар на св. Варлаам Охридски).

 

На 10.06.2019 година, на денот кога го прославуваме споменот на светиот Варлаам Архиепископ Охридски, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодно слово, во кое се задржа на животот на светиот Варлаам, и неговиот вистински избор на правиот пат, којшто е тесен и тежок, но единствениот којшто води во Царството Небесно. 

latest Nike release | Nike - Sportswear - Nike Tracksuits, Jackets & Trainers
Повеќе...
Страница 109 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5