На 21.06.2019 година, во петокот од Неделата на светата Педесетница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоерејот-ставрофор Димче Ѓорѓиески и еромонасите Доситеј, Еразмо, Ефросиниј и Кирил, изврши осветување на новите крстови за храмот „Св. Кирил и Методиј“ во с. Битуше, скит на Бигорскиот манастир. Осветените месингани и позлатени крстови потоа беа поставени како круна на прекрасното здание, со голем труд од браќата од Бигорскиот манастир. На свечениот чин присуствуваа жителите на Битуше, жителите на соседните села, како и ктиторот на храмот, г-дин Горан Џиковски, кој заедно со своето семејство непрестајно ја помага изградбата на храмот. 

bridge media | M2k Tekno

 

крстовибитусе 1крстовибитусе 2крстовибитусе 3крстовибитусе 4крстовибитусе 5крстовибитусе 6крстовибитусе 7крстовибитусе 8крстовибитусе 9крстовибитусе 10крстовибитусе 11крстовибитусе 12крстовибитусе 13

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Септември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4