„Откако видовме како светиот Климент кон Христа народот словенски го преведе, со умот кон рајот да побрзаме и во хорот на апостолите да погледнеме. Таму да видиме како со рамноапостолен венец се украсува и со епископска благодат се закитува. Бога Вишниот, Кој како Климентови чеда нѐ покажа, да Го величаме и постојано да говориме: Алилуја!“ (Кондак од Акатистот на св. Климент Охридски Чудотворец).

 

И оваа година, сехвалниот град Охрид го воспеа својот патрон и постојан застапник пред Бога, светиот Климент Охридскиот Чудотворец. Неговиот спомен не може подостојно да се прослави од местото каде што тој со постојани подвизи се подвизуваше и својот словенски народ го учеше и воспитуваше. Празнувањето на нашиот свет отец започна во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, на 08.08.2019 година, во вечерните часови, со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу интегрално ви ја пренесуваме. Во подоцнежните часови, беше отслужен и Акатистот на св. Климент Охридскиот Чудотворец. 

latest jordan Sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Pochta News
Повеќе...

„Благочестива (Параскево), украсу на мачениците, откако со силата на крстот ги порази сплетките на непријателите, и храбро ја победи свирепоста на мачителите, ја проповедаше верата во Бога“ (песна од канонот на Утрена на света преподобномаченица Параскева).

 

На 08.08.2019 година, денот кога го прославуваме споменот на светата преподобномаченица Параскева и на св, свештеномаченик Ермолај, во храмот „Св. Петка“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Димче Ѓорѓиески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен праничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

bridge media | Mens ASICS GEL-Kayano 28 Running Shoe at Fitforhealth
Повеќе...

На 03.08.2019 година, денот кога го прославуваме споменот на св. пророк Езекил, и на преп. Симеон Јуродив и Јован Соподвижник, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Митре Попоски, свештениците Зоран Попоски, Ристе Наумоски и Димитрија Павлески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, го освети храмот „Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста“ во с. Подгорци, Струга. Храмот е изграден на местото од стар храм, којшто бил срушен во 1952 година. Новиот храм започнал да се гради во 1991 година, а по иницијатива на Иницијативниот одбор од селото. По осветувањето на храмот, беше отслужена и првата света Литургија во истиот, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike Sneakers | New Jordans – Air Jordan 2021 Release Dates , Gov
Повеќе...

„Тебе, пророкот, Господ те овенча, премудри, дарувајќи ти благодат да ги претскажуваш идните (настани) како сегашни. Затоа сега, гледајќи го остварувањето на зборовите, како вистински пророк, постојано и со пофалби те славиме“ (песна од канонот на Утрена на св. пророк Илија).

 

И оваа година, големиот верски и национален празник, на светиот пророк Илија - Илинден, како и на преподобните Пречистански маченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, беше свечено прославен во нашата Епархија, а централната прослава беше во манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ во Кичево. Празнувањето започна ден претходно со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Стевче Тошевски, еромонахот Макариј, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

Running Sneakers | シューズ
Повеќе...

„Кој збор ќе биде доволен да ја искаже благодатта на бесребрениците за исцеленијата? Зашто, после Бога, тие се лекари и спасители на целата вселена“ (светилен на Утрена на св. бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, кои биле мачени во Рим).

 

На 14.07.2019 година, на денот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан - св. Врачи, во храмот „Св. Козма и Дамјан“ („Св. Врачи“) во Пештани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Ристе Ристески и Ефтим Бетински, свештеникот Атанас Казанџиски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

latest Nike Sneakers | Nike Air Force 1 , Sneakers , Ietp STORE
Повеќе...
Страница 107 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5