„Благочестива (Параскево), украсу на мачениците, откако со силата на крстот ги порази сплетките на непријателите, и храбро ја победи свирепоста на мачителите, ја проповедаше верата во Бога“ (песна од канонот на Утрена на света преподобномаченица Параскева).

 

На 08.08.2019 година, денот кога го прославуваме споменот на светата преподобномаченица Параскева и на св, свештеномаченик Ермолај, во храмот „Св. Петка“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Димче Ѓорѓиески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен праничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

bridge media | Mens ASICS GEL-Kayano 28 Running Shoe at Fitforhealth

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Ние денес ја прославуваме света Петка Римјанка. Оваа света душа живеела во II век во Рим и била испросена со силните молитви на нејзините родители и како таква уште од најмлади години била упатена во верата Христова. Уште како мало девојче се одликувала со скромност и побожност, живеејќи вистински христијански живот. Како млада личност ги собирала луѓето околу себе и Го проповедала Господа Христа распнатиот и воскреснатиот. Но по смртта на нејзините родители таа го поделила имотот на сиромашните и се замонашила во Рим. Тогаш многу посмело и похрабро почнала да го проповеда учењето Христово. Не треба да заборавиме дека во II век по Христа, Римската империја била главен гонител на христијанството, а оваа пак, Параскева, го проповедала забранетото учење токму во центарот на империјата. Заради нејзината проповед била изведувана пред судови и осудувана, подвргнувана на разни мачења и страдања. Но, заради цврстината во љубовта кон науката Христова, кај неа во ниту еден момент верата не се намалила и не згаснала. Токму преку подвизите и мачењата, оваа светителка се издигнувала пред Бога, а Бог, пак, и давал сила и благодат за да може храбро да ги поднесе сите страдања и маченички за Господа Христа да го заврши нејзиниот живот.


Но, како што се вели во псалмите „Скапа е во очите на Господа смртта на неговите светии". (Пс. 115, 6) Нејзината љубов кон Господа Христа и кон Неговата наука, Бог ја благословил, па затоа иако се поминати повеќе од осумнаесет века откако таа го жртвувала животот за Христа, нејзиното име се прославува во сите православни цркви и кај сите православни народи. Нејзините свети мошти од Рим биле пренесени во Цариград, а преку Цариград се распространети во многу цркви и манастири, посебно на Балканот, каде нејзиниот култ е голем и многуброен народ и се обраќа со молитва за застапништво пред Господа Исуса Христа.


Па и ние кои се наоѓаме денес во овој храм посветен во нејзина чест, да се обратиме со искрена молитва кон света Петка, да ни даде и ние да поднесеме еден дел од нејзините подвизи, па и ние да имаме храброст и цврстина да Го исповедаме на секое место и во секое време Господа Христа, но не само со збор, туку нашата вера да биде пропратена и со добри дела, бидејќи во светото Евангелие се вели: Нема да биде спасен само оној што Ми вели: „Господи, Господи", туку оној што го слуша словото Мое и прави добри дела, бидејќи верата без дела е мртва како и телото без душата, како што вели свети апостол Јаков. По молитвите на светата маченица Параскева, Семилостивиот Бог да ги послуша и услиши нашите молби, па да одиме по Неговиот пат и да измолиме милост Божја за спасение на нашите души, сега и во сета вечност. Амин.

 

св. преподобномаченица Параскева Римјанка
Параклис „Света Петка Римјанка"
Манастир „Свети Наум Охридски“
08.08.2019 год. 

 

svpetkaletna2019 1svpetkaletna2019 2svpetkaletna2019 3svpetkaletna2019 4svpetkaletna2019 5svpetkaletna2019 6svpetkaletna2019 7svpetkaletna2019 8 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5