„Откако видовме како светиот Климент кон Христа народот словенски го преведе, со умот кон рајот да побрзаме и во хорот на апостолите да погледнеме. Таму да видиме како со рамноапостолен венец се украсува и со епископска благодат се закитува. Бога Вишниот, Кој како Климентови чеда нѐ покажа, да Го величаме и постојано да говориме: Алилуја!“ (Кондак од Акатистот на св. Климент Охридски Чудотворец).

 

И оваа година, сехвалниот град Охрид го воспеа својот патрон и постојан застапник пред Бога, светиот Климент Охридскиот Чудотворец. Неговиот спомен не може подостојно да се прослави од местото каде што тој со постојани подвизи се подвизуваше и својот словенски народ го учеше и воспитуваше. Празнувањето на нашиот свет отец започна во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, на 08.08.2019 година, во вечерните часови, со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу интегрално ви ја пренесуваме. Во подоцнежните часови, беше отслужен и Акатистот на св. Климент Охридскиот Чудотворец. 

latest jordan Sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Pochta News

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Драги браќа и сестри,

Денеска се собравме во овој свет манастир и ја отслуживме оваа празнична Вечерна богослужба во чест и слава на патронот на Македонската православна црква – светиот Климент Охридски чудотворец. Преку молитвите и прозбите, ние духовно се соединуваме со свети Климент и со нашиот Господ Исус Христос. Но, не се соединуваме само ние што сме овде на молитва, туку и сите наши верници, каде и да се наоѓаат, а молитвено се обраќаат на нашиот голем првоначален архиереј. Се обраќаме со молитва кон него. Молиме сите да нѐ пази од секакво зло и да ни помага преку молитвеното застапништво, па Господ да нѐ избави од секакви престапи и гревови.

Свети Климент Охридскиот чудотворец е и денес со нас, како и пред единаесет векови, кога низ целиот словенски род ја проповедаше спасителната вистина на светото Евангелие. Неговиот бесмртен дух, неговиот светителски лик, како и плодовите на неговото земно постоење се најголемото духовно и народно наследство што македонскиот човек до денес го има. И не само тоа. Плодовите на неговото молитвено застапништво пред Севишниот Бог се секогаш добредојдени, зашто покрај многувековните искушенија и страдања, македонскиот народ живее и свети светоста на Светиклиментовата црква. Тоа е потврда дека славата и благодарноста и молитвите на нашиот благочестив и богопочитлив народ кои му ги принесува на свети Климент, не се празни молења, туку извор на вечно калемење и сраснување со лозата Господова. Милостивиот Бог ги услишува молитвите на светителот и ете денес нашата автокефална Македонска православна црква свети со нов блесок и ги весели срцата на своите верни чеда со нови плодови.

Светлино осветлена од Сонцето на Правдата – нашиот Бог и Спасител Господ Исус Христос, твојот свет ореол нека биде наш одбранбен ѕид од лажливоста на овој земен живот. Дај ни на сите сила и разум. Да ја облечеме твојата Црква во светоста на твоето чудотворство и прими ја од нас не како наше добро дело, туку како наша надеж во тебе, затоа што ти имаш слобода да се застапуваш за нас.

Овој светител е наша ѕвезда Деница на црковно-народното небо на сиот македонски народ. Неговиот дух ги надминува сите земни прегради и ограничувања и сите нѐ сплотува во едно македонско семејство. Затоа, да живееме и работиме така, за да бидеме здраво тело со здрав дух. Драги верници, живејте чесно. Да не го посрамиме пред Господа нашиот застапник. Како што тој ги учеше дечињата и нашите предци да зрачат со чест и достоинство, да бидат ангели во тело, така и вие учете ги вашите деца во вашите домови, за да го продолжите учителството на свети Климент. Така, не само да гори кандилото пред иконата, туку и иконата и кандилото да зрачат во вас и да ги осветлуваат вашите добри дела, бидејќи во Евангелието се вели: „Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен!" (Мт. 5, 16) По молитвите на свети Климент, така нека биде. Амин.

 

св. Климент Охридски Чудотворец

ман. „Свети Климент Охридски"

Плаошник - Охрид

08.08.2019 год.

 

svklimveclet2019 1svklimveclet2019 2svklimveclet2019 3svklimveclet2019 4svklimveclet2019 5svklimveclet2019 6svklimveclet2019 7svklimveclet2019 8svklimveclet2019 9svklimveclet2019 10svklimveclet2019 11

 

 

  

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5