На 13.09.2019 година, во навечерието на празникот на св. Симеон Столпник и Црковна Нова Година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Њукасл, Австралија, беше отслужена празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Пецо Петровски и Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Mysneakers | Air Jordan 4 University Blue Clothing New Era Bulls Hat
Повеќе...

На 11.09.2019 година, денот кога го празнуваме празникот Отсекување на главата на св. Јован Крстител, во храмот „Св. Јован Крстител“ во Џилонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, игуменот Гаврил, протоереите Чедомир Илиевски и Јован Димитров и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. За време на Литургијата, беше обнародена одлуката на САС на МПЦ-ОА, а на предлог на Митрополитот Тимотеј, со која протоерејот Чедомир Илиевски се одликува со право на носење граден крст, а со тоа и го доби чинот протоереј-ставрофор. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Nike Sneakers | Nike, adidas, Converse & More
Повеќе...

На 10.09.2019 година, во културниот центар при храмот „Св. вмч. Ѓорѓи и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн, Австралија, беше одржано редовното Епархиско собрание на Австралиско-сиднејската епархија, на коешто претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. Епархиското собрание започна со пригодна молитва во храмот, по што започна работниот дел на Собранието. Најпрво Митрополитот Тимотеј даде извештај за своето двегодишно работење (2018-19 година), а потоа беше разгледан и финансискиот извештај за 2017-2018 година, како и за 2018-2019 година. По добиените информации од Просветниот одбор на Епархијата, како и од Комисијата за организирање на свеќоливница, беа добиени и информации околу ревизијата на Статутот на Епархијата, а потоа се пристапи кон избор на нови членови на телата и органите на Епархијата. На местото потпретседател на Епархиското собрание повторно беше избран г-дин Љупчо Стефановски од Волонгонг, за секретар на Епархијата беше избран г-дин Сашо Стојчевски од Њукасл, а за благајник г-дин Филип Пејов од Перт. Беа избрани и нови членови на Епархискиот управен одбор и нови делегати за АЦНС, како и нови членови на Просветниот одбор на Епархијата. На крајот, беа разгледани и други останати прашања од животот на Епархијата. Митрополитот Тимотеј им се заблагодари на сите досегашни членови и учесници на Епархиските тела и органи, а особена благодарност искажа кон досегашниот секретар г-дин Крис Ангелков од Перт, како и кон досегашниот благајник г-дин Јоте Ќандовски од Перт, за нивниот труд и несебично залагање, како и за големиот придонес во организирањето на Епархијата во изминитатите години. Митрополитот се заблагодари и на сите делегати за присуството, како и конструктивноста во учеството на ова Собрание. На самиот крај, Митрополитот Тимотеј искажа и голема благодарност кон Управата на храмот „Св. вмч. Ѓорѓи и Пресвета Богородица“ од Епинг, Мелбурн, за нивната успешна организација на овогодинешното Епархиско собрание. 

jordan Sneakers | Nike News
Повеќе...

На 08.09.2019 година, во 12 Недела по Педесетница и на празникот на св. мч-ци Адријан и Наталија, како и по повод 8-ми Септември, денот на прогласувањето на независност на Р. Македонија, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Ефтим Бетински и Никола Христоски, игуменот Гаврил, протоерејот Јован Димитров, свештеникот Климент Станковски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им го честита црковниот и државниот празник на присутните верници, и се обрати кон нив со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

url clone | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp
Повеќе...

На 07.09.2019 година, во 11-та сабота по Педесетница и на празникот Пренесување на моштите на св. апостоли Вартоломеј и Тит, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Ефтим Бетински и Никола Христоски, игуменот Гаврил, протоерејот Јован Димитров и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј ги поздрави присутните верници и ги поучи преку пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

jordan release date | Women's Sneakers
Повеќе...
Страница 105 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5