На 11.09.2019 година, денот кога го празнуваме празникот Отсекување на главата на св. Јован Крстител, во храмот „Св. Јован Крстител“ во Џилонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, игуменот Гаврил, протоереите Чедомир Илиевски и Јован Димитров и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. За време на Литургијата, беше обнародена одлуката на САС на МПЦ-ОА, а на предлог на Митрополитот Тимотеј, со која протоерејот Чедомир Илиевски се одликува со право на носење граден крст, а со тоа и го доби чинот протоереј-ставрофор. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Nike Sneakers | Nike, adidas, Converse & More

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Пред Господ Исус Христос да ја започне Својата проповед и дејност помеѓу луѓето, во областите покрај реката Јордан се појавил неговиот Претеча Јован. Тој живеел во една пештера во пустината во близина на реката Јордан, каде повикувал луѓето да се покаат за своите гревови и да се припремат за да ја прифатат Христовата наука за Царството Божјо.


Во своите беседи, Јован понекогаш бил многу строг кон грешниците, па не поштедувал никого од укорување. Во таа своја ревност за морал и праведност, тој не ги штедел ниту оние кои биле на власт. Па и самиот господар на Галилеја – Ирод Антипа, јавно го укорувал и изобличувал затоа што тој ја презел Иродијада – жената на неговиот брат Филип, што според Мојсеевиот закон било забрането и се сметало за голем грев (3 Мојс. 18,16).


Иродијада, пак, не можела да ги поднесува Јовановите укори и барала начин што е можно побрзо да го снема овој човек. Ирод не смеел да го убие Јована, бидејќи се плашел од народот кој го сметал Јован за пророк. Затоа тој го заробил и го фрлил Јована во затвор за да го замолчи. Но, на една вечера, ќерката на Иродијада од првиот брак, по име Саломија, играла пред гостите со цел да им предизвика задоволство. Тогаш Ирод, поднапиен, и ветил дека ќе и подари сѐ што ќе посака. Таа, пак, подучена од својата злобна мајка ја побарала главата на Јован Крстител. За да не се посрами за дадениот збор пред гостите, Ирод пратил џелат во затворот за да му ја отсече главата на овој праведник. Овој настан е опишан кај евангелистите Матеј и Марко.


Секој човек се спасува или пропаѓа или, пак, се осветува на свој начин и со своите дела. И светоста се постигнува со лични дела, личен напор, служење со самоодрекување, па дури и со мачеништво и страдање. Кога тоа го имаме предвид, тогаш ни е јасно зошто Јован Крстител е наречен свет. Него и Самиот Господ Исус Христос го нарекол најголем човек роден од жена. Затоа меѓу евангелистите кои Го опкружуваат Спасителот, личноста на Јован Крстител зазема посебно место. Со својот живот и со својата улога тој бил толку повозвишен од останатите луѓе во свое време, како и помеѓу останатите луѓе во Светото писмо, па затоа и се нарекува „ангел во тело". Тоа е така и поради веста со која Го наговестил Месијата и Спасителот и прв им Го покажал на луѓето и како таков Го објавил на светот при крштевањето на реката Јордан со зборовите: „еве Го Јагнето Божјо Кое ги зема гревовите на светот". (Јн. 1, 29) Самиот збор „ангел" значи „гласник Божји".


Тој претставува истото и за нас денес. Како таков, тој имал право да упати на луѓето толку пламен повик: „Покајте се!" Тој негов повик и денес е актуелен, особено во ова време кога е тешко да се најде вистинско покајание во животот кој го живее современиот човек, во таканареченото граѓанизирано и материјалистичко време, во кое сѐ повеќе замира она што е духовно и вредно, а сѐ повеќе се отстапува место на лажните задоволства што човековото срце ги посакува. Токму заради тоа, луѓето денес сакаат да се трудат само за да ги постигнат сластите што ги посакуваат, па затоа и современиот човек е со послаб карактер, колеблив и плашлив. Тој се плаши од секоја лична жртва и давање на себе за повозвишени идеи. Тој се труди да живее колку што е можно поудобен и покомфорен живот. За честа, почитувањето и достоинството не се вознемирува.


Затоа, ако бараме вистински човек, тогаш свети Јован се покажува како пример со својата морална чистота и борба за Божјата правда и вистина. Во ова наше време, кога многумина неславно живеат и умираат, а некои, пак, само се борат за власт и суета, можеме да кажеме дека ништо во светот не е поретко, но и поголемо од борбата за Божјата вистина и правда. Токму таков борец беше свети Јован Крстител. Затоа неговиот лик, односно неговата икона се наоѓа во секој наш православен храм, веднаш до ликот на Господа Исуса Христа. Да се обратиме со молитва кон свети Јован за да ни ја засили верата во Господа Христа, за и ние да се оддалечиме од сето она што не одвојува од Христовата наука, да живееме според Христовите заповеди и да достигнеме вечен и блажен живот во Царството Небесно. Амин.


Отсекување на главата на свети Јован Крстител
„Свети Јован Крстител" Џилонг
11.09.2019 год.

 

џилонг2019 1џилонг2019 2џилонг2019 3џилонг2019 4џилонг2019 5џилонг2019 6џилонг2019 7џилонг2019 8џилонг2019 9џилонг2019 10џилонг2019 11џилонг2019 12џилонг2019 13џилонг2019 14џилонг2019 15џилонг2019 16џилонг2019 17џилонг2019 18џилонг2019 19 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5