На 08.09.2019 година, во 12 Недела по Педесетница и на празникот на св. мч-ци Адријан и Наталија, како и по повод 8-ми Септември, денот на прогласувањето на независност на Р. Македонија, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Ефтим Бетински и Никола Христоски, игуменот Гаврил, протоерејот Јован Димитров, свештеникот Климент Станковски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им го честита црковниот и државниот празник на присутните верници, и се обрати кон нив со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

url clone | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Нашиот спасител Господ Исус Христос, одејќи по Палестина имал обичај постојано, кога ќе се собере поголем број народ, покрај неговите ученици, да го слови словото Божјо и да го подготвува народот за примање на Евангелските начела. Така, во една прилика додека Христос ги поучувал луѓето, пристапил еден млад човек и Го прашал: „Учителе благи, што треба да направам за да имам живот вечен?" (Мк. 10, 17) Откако Христос му наброил неколку од десетте заповеди, човекот одговорил дека од младоста ги пази овие заповеди. Тогаш Христос му дал уште една заповед, бидејќи го проѕрел неговото срце и неговиот ум и видел за што е приврзан овој човек, па му рекол да отиде и да го продаде својот имот и да тргне по Христа. Како награда за ваквиот потфат, Христос му ветил вечен живот. Но, кога ги слушнал овие зборови, младиот човек се нажалил и Го напуштил Христа. Тогаш Христос ја изговорил добро познатата мисла: „Колку е тешко за богат човек да влезе во царството Божјо!" (Мт. 10, 23) На прв поглед, овие зборови на Господа Христа изгледаат доста строги и неприфатливи. Но, така е за оние кои не го познаваат Евангелието и науката на нашата света Црква. Никаде и никогаш Христос не вели дека богат човек не може да биде спасен и не може да влезе во царството Божјо, туку вели дека тоа е тешко. Секако дека „не може" и „тешко" нема исто значење. Се поставува прашањето: кои се тие тешкотии што стануваат проблем за богатиот човек да го усвои законот Божји и да оди по Христа, па така да го наследи и царството небесно? Ние од Евангелието знаеме дека Господ Христос имал пријатели и меѓу богатите луѓе, како што е четвородневниот Лазар. Христос никаде не вели дека ваквите луѓе не можат да се спасат, туку нагласува дека нивната приврзаност за богатството им попречува да ја засакаат науката Христова, да живеат според неа и имотот и богатството што го поседуваат да не им бидат идоли и од нив да не прават култ. Богатството не смее да биде само средство за уживање во овој свет, како што кажува еден друг богаташ во параболата за богатиот и сиромавиот Лазар, кој вели: „Душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се!" (Лк. 12, 19) Христос не упатува дека богатството освен за личните потреби треба да се користи за помош на немоќните во нивните болки, како и во служба на различните хуманитарни дејности, вклучувајќи ги тука и дејностите на црквите и манастирите. Пораката на Црквата не е против богатството, туку посочува како правилно тоа треба да се користи, а не да се злоупотребува. Сите ние како христијани сме повикани да бидеме совршени како што е совршен нашиот Отец небесен. Совршенството не можеме да го постигнеме надвор од Црквата, односно од светата Христова заедница. Свети Кипријан Картагински вели: „Кому Црквата не му е мајка, нему и Отецот небесен не му е татко". Со други зборови, овој свет отец вели дека оној кој не е активен во животот на Црквата, не го посетува храмот, не ги извршува светите тајни на себе и на своите рожби, како што се крштевките, венчавките и другите обреди, тој само формално може да се нарече христијанин. Тој само одвреме-навреме, за Божик и Велигден ќе влезе во храмот и ќе запали по некоја свеќа, но не живее според поредокот кој го бара нашата вера. Ние до скоро време во стариот крај имавме случаи во кои, многумина кои потекнуваа од религиозни семејства, поради општествени положби и чест се откажуваа од Црквата и верата, а со тоа и од вечен живот.


Но, сега да кажеме некој збор и за ситуацијата овде, на Австралискиот континент, каде вие ги немавте таквите искушенија. Ако се земе во просек колку народ живее во една црковна општина овде, а колкумина вистински сте активни во Црквата, со жалење ќе мора да констатираме дека многумина посветуваат малку внимание на својата вера и традиција, а повеќе се насочуваат кон други активности, за кои ние како Црква немаме ништо против. Потребен е и спортот, фолклорот, науката и други активности, кои се корисни во секој случај, но не смее верата и Црквата да ги оставаме на последното место. Токму верата е таа која не облагородува и просветлува, правејќи не да бидеме почовечни, особено овде, на овој континент, не врзува за својата национална припадност, јазична култура и сите останати елементи кои не прават посебни луѓе и посебен народ познати и признати и во ова демократско општество. Денешниот евангелски пример нека ни послужи за никакви други идеали да не нè оддалечат од нашата вера и од нашата света Македонска православна црква. По молитвите на свети Ѓорѓи, така нека биде. Амин.


Дванаесетта недела по Педесетница
„Свети Ѓорѓи", Епинг, Мелбурн
08.09.2019 год.

 

eping2019 1eping2019 2eping2019 3eping2019 4eping2019 5eping2019 6eping2019 7eping2019 8eping2019 9eping2019 10eping2019 11eping2019 12eping2019 13eping2019 14eping2019 15eping2019 16eping2019 17

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5