„Си воскреснал денес, Штедар, и нас си нѐ извел од смртните врати. Денес Адам ликува и се радува Ева, а пророците, заедно со патријарсите, непрестајно ја воспеваат моќта на власта Твоја“ (воскресен кондак глас 3, во Недела на Утрена).

 

Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, испраќајќи ги Своите ученици на проповед, им вели: „Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“ (Мт. 28, 19). Оваа заповед Господовите Апостоли ревносно ја исполнувале, иако навредувани, исмевани, затворани, а често и по цена на својот живот. Словото Господово не ги одминало ниту нашите краишта. Најпрво проповедана од св. ап. Павле и од неговите ученици и следбеници, од неговите духовни чеда, Благовеста за спасението се ширела насекаде низ нашите краишта. Просветени од благодатта на Светиот Дух, Павловата проповед ја продолжиле многумина подвижници, учители, светии, кои неуморно Го проповедале Воплотеното Слово, но и се грижеле да изградат достојни и велелепни храмови каде што катадневно ќе се принесува Благодарствената Жртва.

buy shoes | ナイキ エア マックス エクシー "コルク/ホワイト" (NIKE AIR MAX EXCEE "Cork/White") [DJ1975-100] , Fullress , スニーカー発売日 抽選情報 ニュースを掲載!ナイキ ジョーダン ダンク シュプリーム SUPREME 等のファッション情報を配信!
Повеќе...

„Израсна гора златозарна! Ти, отче преблажени, горите и пештерите осоговски ги исполни со ангелско пеење, со кое се развесели осоговската пустина и како крин процвета. Затоа, преподобни, стоејќи во слава со ангелите, моли се за нас непрестајно“ (песна од Канонот на Утрена на преп. Јоаким Осоговски).

 

На 29.08.2020 година, денот кога го прославуваме празникот на Неракотворниот образ на Господа Исуса Христа и на преподобниот Јоаким Осоговски, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Sports Shoes | Archives des Sneakers
Повеќе...

„Во молитвите неуморната Богородица и сигурна надеж во посредувањето, гробот и смртта не ја задржаа, бидејќи, како Мајка на Животот, кон живот ја пресели Оној Кој се всели во нејзината вечно девствена утроба“ (кондак на Утрена на празникот Успение на Пресвета Богородица).

 

На 28.08.2020 година, денот кога го празнуваме споменот на празникот Успение на Пресветата Владичица наша Богоридца и Приснодева Марија, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а потоа беа осветени новите фрески во фијалата, како и новиот прекрасен мозаик посветен на Пресвета Богородица на влезот на самиот храм. На самиот крај, Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

latest jordans | Nike Wmns Air Force 1 07 Essential White Silver Gold Women Casual , Cellmicrocosmos Marketplace
Повеќе...

„Мојсеј и Илија, свештено стоејќи на Таворската Гора, јасно ги видоа знаците на Божјата ипостас, Христа Кој болсна во славата на Отецот, и пееја: Сите дела Господови, благословете Го Господа“ (песна од Канонот на Утрена на Преображение на Господ Исус Христос).

 

На 19.08.2020 година, на денот кога го прославуваме свештениот празник на Светото Преображение на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештеникот Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше осветен новиот лозов плод, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Nike air jordan Sneakers | Nike News
Повеќе...

„Мудри Клименте, кој Црквата ја просветли како сонце, во целата вселена испушташ зраци од чудеса, сесвештени отче, славо архиерејска“ (светилен на Утрена на св. Климент Охридски Чудотворец).

 

Торжествата по повод големиот празник на патронот на нашата света Црква, светиот Климент Охридскиот Чудотворец, како и празникот на светите Седмочисленици и на св. вмч. Пантелејмон, продолжија на 09.08.2020 година, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконите Сашо Ристов и Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Анатолиј. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Пимен се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sports Shoes | Men's Footwear
Повеќе...
Страница 87 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5