„Во молитвите неуморната Богородица и сигурна надеж во посредувањето, гробот и смртта не ја задржаа, бидејќи, како Мајка на Животот, кон живот ја пресели Оној Кој се всели во нејзината вечно девствена утроба“ (кондак на Утрена на празникот Успение на Пресвета Богородица).

 

На 28.08.2020 година, денот кога го празнуваме споменот на празникот Успение на Пресветата Владичица наша Богоридца и Приснодева Марија, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а потоа беа осветени новите фрески во фијалата, како и новиот прекрасен мозаик посветен на Пресвета Богородица на влезот на самиот храм. На самиот крај, Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

latest jordans | Nike Wmns Air Force 1 07 Essential White Silver Gold Women Casual , Cellmicrocosmos Marketplace

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Денеска го прославуваме Успението на Мајката Божја. Целиот нејзин живот нѐ подучува како треба да живееме во нашиот христијански живот. Света Дева Марија во текот на сиот свој живот била сепредана Божја послушница. Како што знаеме, уште на тригодишна возраст била предадена на Бога и растела во храмот, учејќи се на законот Божји. Богородица како Божја слугинка и во моментот кој е особено значаен за човечкиот род, кога ангелот Гаврил и соопштил дека ќе Го роди Синот Божји, таа со смиреност ја примила веста, кажувајќи ги зборовите: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!" (Лк. 1, 38). И после ова, целиот живот на Богородица бил послушност на Бога. Нејзиниот и Божји Син растел под нејзината мајчинска грижа. Таа, пак, со восхит во своето срце гледала како нејзината Рожба растела во благодатта и мудроста. И кога Господ Христос ја започнал Својата спасителна служба проповедајќи го словото, таа ги примила сите Негови зборови и ги чувала во нејзиното срце како во осветена ризница на словото Божјо. Таа која во пречистата утроба Го носела Бога Словото, во нејзиното пречисто срце со радост го носела словото на својот Син. Таа во сите тешки моменти била заедно со Господа Христа, дури и кога верните ученици Го напуштиле. Таа е Божја послушница и тогаш кога ќе го напушти овој свет и ќе се најде во светлината на својот Син. Таа е секогаш Божја послушница, а е скоропослушница и на нашите молитви. Таа ја исполнува волјата Божја кога ги прима нашите молитви кои ѝ ги упатуваме за да ни биде помошница и покровителка.


Поскушник Божји беше и Синот кога Он вели: „слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати" (Јн. 6, 38). Со полно смирение Он ја исполнува волјата на небесниот Отец. Он го благовестува спасението на луѓето, принесувајќи се како жртва за родот човечки. Исус Христос ја извршуваше волјата Божја при сите лични судбини, незгоди, тешкотии, искушенија, мачења и страдања. Колку е восхитувачки примерот кога Господ Христос се нашол во Гетсиманската градина на молитва, пред да ја испие горчливата чаша, односно пред да пострада кога Го моли Бога Отецот: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти" (Мт. 26, 39). Со ова Господ Христос ни остава совршен пример за сите наши прозби кон Бога, па затоа и кога се молиме треба да се угледаме на Христа велејќи „да биде волјата Твоја" (Мт. 6, 10).


Такви биле и сите верни Христови ученици и сите праведници и светии. Токму во тоа се состоел и подвигот на угодниците Божји од сите времиња и сите народи. Подвигот се состоел во тоа што волјата Божја се поставувала пред сите други потреби. Умот ѝ бил потчинет на волјата Божја, а и срцето, исто така, за да ѝ бидат сите копнежи и желби оддадени неа.


И ние како Христијани сме должни да бидеме послушни на Бога. Повикани сме да бидеме Синови Божји. Синовите Божји не ја извршуваат својата туку Божјата волја. Но, кој би можел да оди по Христа ако не го земе крстот на богопослушанието? Се поставува и прашањето: Каква е користа на човекот кој верува, ако го знае Законот Божји, а ја извршува својата волја? Нели апостол Павле во посланието вели „пред Бога не се праведни оние, што го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани само оние, што го исполнуваат Законот " (Рим. 2, 13).


И ние треба да се потрудиме, нашиот ум да биде потчинет на Божјиот Закон. Тој да се насочи кон небото и кон Бога и да се просветлува од Неговата светлина и во сите пројавувања да бара Божји Закон. И нашето срце треба да го бара Божјиот Закон и на него да го потчинува целиот животен пат. Кога во човековото срце Божјиот Закон е недејствителен, тогаш многу други лоши сили проникнуваат во него и се раѓаат темни желби и страсти, кои не го издигнуваат човекот нагоре, туку го приврзуваат кон гревот и го прават бессилен за живот и за добро. Без вистинска и силна вера, не е можно Богопредано послушание, како што вели Евангелието: „Без вера не може да му се угоди на Бога" (Мт. 5, 9).


Прославувајќи го денеска Успението на Пресвета Богородица, да се обратиме со искрена молитва кон неа, за таа да биде наша молитвеница, покровителка и заштитничка на нашиот живот, па ние не само да го знаеме Законот Божји, туку и да живееме според него и да правиме добри дела, бидејќи „верата без дела е мртва" (Јк. 2, 26), како што вели апостолот Јаков. Амин.

 

Успение на Пресвета Богородица
Храм „Пресвета Богородица Каменско" Охрид
28.08.2020 год.

 

uspenie2020 1uspenie2020 2uspenie2020 3uspenie2020 4uspenie2020 5uspenie2020 6uspenie2020 7uspenie2020 8uspenie2020 9uspenie2020 10uspenie2020 11uspenie2020 12uspenie2020 13uspenie2020 14uspenie2020 15uspenie2020 16uspenie2020 17

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5