„Се исполни пророштвото кое вели: Повторно ќе ја издигнам паднатата скинија на свештениот Давид, која беше твој предобраз, Пречиста, зашто правот на сите луѓе, преку тебе, во тело Божјо се создаде“ (песна од Канонот на Утрена на Рождество на Пресвета Богородица).

 

Овој ден е Господов зашто се роди Пресветата Владичица наша Богородица, како палата на светлината, како источна врата која го очекува влезот на Големиот Светител. Овој празник е Богородичен, но тој го најавува и почетокот на нашето спасение, зашто преку девствената утроба на Богомајката, во овој грешен свет ќе се насели Несместливиот, Словото Божјо, нашето Спасение. Токму затоа и нашиот верен народ има неизмерна почит кон Мајката Божја, а и затоа толку многу храмови и манастири се посветени на оваа наша незамолклива застапница и молитвеница. Оддавајќи и ја должната почит и похвала, и нашиот надлежен архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, прославувањето на Рождеството на Богомајката го започна ден претходно, на 20.09.2020 година, со посета на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Г. Манастирец, Македонски Брод, каде што отслужи Акатист на Пресвета Богородица, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Саше Костадиноски, еромонахот Ефросиниј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. 

Sport media | Nike Release Dates
Повеќе...

„Водачи на небесните војски, ние, недостојните, Ве молиме секогаш, со Вашите молитви да нѐ заштитите под покривот на Вашата бестелесна слава, чувајќи нѐнас кои усрдно паѓаме и воскликнуваме: од беди избавете нѐ како чиноначалници на небесните сили!“ (тропар на Собор на св. Архангел Михаил).

 

На 19.09.2020 година, на празникот Спомен на чудата на св. Архангел Михаил, во храмот „Св. Никола“ во с. Трпејца, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Атанас Казанџиски и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Повод за оваа наша свеченост беше Јубилејот на храмот „Св. Никола“, односно 15 години од поставувањето и осветувањето на камен-темелникот на храмот, како и 10 години од неговото осветување. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

Best Authentic Sneakers | Jordan
Повеќе...

„Во адот си слегол, Спасителу мој, и вратата си ја скршил, како Сесилен; умрените си ги воскреснал со Себе, како Создател, и осилото на смртта си го скршил, и Адам беше ослободен од клетвата. Затоа сите ние Ти викаме: Човекољупче Господи, спаси нѐ“ (воскресен кондак глас 5, во недела на Утрена).

 

На 13.09.2020 година, во Четиринаесеттата недела по Педесетница и на празникот Положување на појасот на Пресвета Богородица и на св. Кипријан Картагински, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Атанас Казанџиски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, го освети новиот храм „Св. мч-ца. Параскева Римјанка“ („Св. Петка“) во Пештани, Охрид. Храмот започна да се гради на 11.10.2014 година, по иницијатива на црковниот одбор, чии членови се: Владе Бакулески, Никола Палоски, Аце Лазески, Боре Христоски и Никола Стенкоски. Истиот се изгради со донациите од локалното население, како и со донациите на сите добронамерни верници од пошироката околина. Фрескоживописот и иконите на иконостасот се дело на Валентина Толеска Мешкоска од Пештани, Охрид. Проектот и изведната се дело на Владо Митрески од Д. Коњско, Охрид. По осветувањето на храмот, беше отслужена и првата света Литургија, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

short url link | Nike Dunk - Collection - Sb-roscoff
Повеќе...

„Славното отсекување на главата Претечева беше еден вид Божја промисла, за и на оние во адот да им го проповеда доаѓањето на Спасителот. Затоа нека реди Иродијада, која го испроси беззаконото убиство, бидејќи таа не го возљуби законот Божји, ниту вечниот живот, туку лажниот и привремениот“ (кондак на Утрена на празникот Отсекување на главата на св. Јован Крстител). 

 

И оваа година, бисерот на светињите крај Радика, манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски манастир торжествено го прослави својот патрон, односно празникот Отсекување на чесната глава на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован. Прославувањето на празникот започна ден порано, на 10.09.2020 година, со свечена празнична богослужба, на која чиноначалствуваше Неговот Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, во сослужение на повеќе свештеници и еромонаси од нашата епархија и од Бигорскиот манастир. По завршувањето на Вечерната богослужба, Епископот Партениј се обрати кон верниците со пригодна беседа. Торжествата по повод големиот празник продолжија утредента, на 11.09,2020 година, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Епископот Антаниски г. Партениј, протоерејот Златко Пуреовски, еромонасите Доситеј, Еразмо, Ефросиниј и Кирил, свештениците Љупчо Бакрачески, Миле Ангелоски и Павел Крцоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Анатолиј. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме. 

Sneakers Store | Nike Air Max 270 - Deine Größe bis zu 70% günstiger
Повеќе...

„Мојот Спасител и Избавител, како Бог, ги воскресна од гробот и ги ослободи од оковите родените на земјата, и ја скрши адовата врата и, како Господар, воскресна по три дена“ (воскресен кондак глас 4-ти, на Утрена во недела). 

 

На 06.09.2020 година, во Тринаесеттата недела по Педесетница и на празникот на св. свешт-мч. Евтихиј, св. мч. Татијан и св. мч-чка Сира, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новиот храм „Св. вмч-чка. Варвара“ во с. Сливово, општина Дебарца, Охрид. Храмот започна да се гради во 2015 година, по иницијатива на црковниот одбор, чии членови се: Климе Ванкоски, Јордан Алексоски, Лазе Јованоски, Стојо Филипоски и Трајан Божиноски. Иконостасот е дело на Стефан и Божин Стојкоски од Охрид. По осветувањето на храмот беше отслужена и првата света Литургија, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

affiliate link trace | nike fashion
Повеќе...
Страница 86 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5