„Сите ние, кои сме верни, да го воспееме божествениот ученик и сопатник на апостолот Павле, Тимотеја, оддавајќ му почит и на мудриот Анастасиј, кој засветли од Персија како ѕвезда, и кој ги протерува нашите душевни страсти, и телесни болести“ (кондак на Утрена на св. ап. Тимотеј).

 

На 04.02.2021 година, денот кога го прославуваме празникот на светиот апостол Тимотеј и на преп. мч. Анастасиј Персиски, како и по повод именденот на нашиот возљубен архиереј Митрополитот Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

Asics shoes | Nike
Повеќе...

„Откако ги насади учењата на православието, го исече трњето на погрешните учења, и го умножи семето на верата со росата на Светиот Дух, преподобни. Затоа те воспеваме, Атанасие“ (кондак на Утрена на свети Атанасиј Велики).

 

На 31.01.2021 година, денот кога го прославуваме споменот на светите Атанасиј и Кирил Александриски, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Ефросиниј и ероѓаконот Анатолиј. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Sports Shoes | jordan Release Dates
Повеќе...

„Ангелските сили на Јордан стоеја како на небесата, трепереа и се чудеа гледајќи го крајното Божјо снисходење, бидејќи Оној Кој ги држи небесните води, во (јорданските) води стоеше во тело - Он, Кој е Бог на нашите татковци“ (песна од канонот на Утрена на Собор на св. славен, пророк, Претеча и Крстител Јован).

 

На 20.01.2021 година, денот кога го прославуваме празникот Собор на св. славен, пророк, Претеча и Крстител Јован, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Nike sneakers | Nike Air VaporMax for Men & Women - Buy Online - Ietp
Повеќе...

„Господи, денес ѝ се јави на вселената, и Твојата светлина, се покажа врз нас, кои разумно Ти пееме: Ти си дошол и си се јавил, Светлино непристапна“ (кондак на утрена на празникот Свето Богојавление - Водици).

 

На 19.01.2021 годиина, денот кога го прославуваме празникот Свето Богојавление на нашиот Спасител Господ Исус Христос - Водици, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Голем Богојавленски водосвет, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која подолу ви ја пренесуваме во целост. Оваа година, поради пандемијата од коронавирусот, не се фрлаше светиот Крст во водите на Охридското Езеро, но, сепак, водите беа осветени, а со тоа не дозволивме и во овие тешки времиња да се наруши долгата црковна традиција.

Authentic Nike Sneakers | Sneakers
Повеќе...
Страница 79 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5