„Со радост се исполни вселената, кога ја прими веста за Воскресението; Марија Магдалина дојде на гробот и најде ангел седнат на каменот, во облека што болскаше, и кој говореше: Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? Не е овде, но воскресна, како што рече: Пред вас ќе одам во Галилеја“ (хвалитна стихира на Утрена во Вторник од Светла седмица).

 

На 03.05.2016 година, на Третиот ден од прославувањето на торжеството над трожествата, Воскресението Христово, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Стевчо Тошевски, свештениците Ристо Камбуроски и Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им го честита празникот на верниците од Кичево со пригодно слово и им подели нафора.

Sportswear Design | NIKE
Повеќе...

„Нека кажат Јудеите како војниците Го погубија Царот што Го чуваа, и зошто каменот не го дочува Каменот на животот? Или погребаниот да Го дадат, или на Воскреснатиот да Му се поклонат, говорејќи со нас: Слава на мноштвото Твои штедрости, Спасителе наш, слава Ти“ (хвалитна стихира на Утрена на Понеделник до Светла седмица).

На 02.05.2016 година, на вториот ден од Воскресението Христово, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати он верните чеда со пригодно слово, во кое се задржа на Воскресението Христово, како централен настан во животот на Црквата и на секој човек, и се помоли на Воскреснатиот Христос, Он да се всели во нашите срца и да воскресне и во нас, та и ние да се удостоиме за Неговото славно и спасоносно Воскресение. 

short url link | Men's Sneakers
Повеќе...

„Пред Тебе, Господи, вратите на смртта од страв се отворија, а вратарите на адот, кога Те видоа, се исплашија, бидејќи си ја скршил бакарната врата и си ги разбил железните резиња, и си нè извел од мракот и од смртната сенка, и си ги раскинал нашите окови“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во светата и Велика Недела на Пасха).

 

Според одамна востановената традиција во Охрид, на 01.05.2016 година, во вечерните часови на светата и Велика Недела на Пасха, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски, Владо Недески, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Вечерната богослужба беше прочитано и дел од Евангелието според Јован на повеќе јазици (црковнословенски, грчки, латински, француски, англиски, италијански, руски и македонски јазик). По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу интегрално ви ја пренесуваме. Митрополитот Тимотеј им подели и на сите верни по едно велигденско црвено јајце и им го честита најголемиот празник, со најторжествениот поздрав: Христос воскресе

Mysneakers | Women's Nike Air Force 1 Shadow trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...

„Небесата достојно да се веселат, а земјата нека се радува; нека празнува светот - видливиот и невидливиот, зашто воскресна Христос, радоста наша вечна“ (песна од Канонот на Утрена на Пасха).

 

Величајте Го сите земни и небесни созданија Спасителот Христос, Кој воскресна од мртвите и ги разруши оковите на адот. Дојдете да вкусиме од новиот плод на лозјето - радоста божествена, во овој ден на Воскресение, О, Пасхо велика и најсветла, Исусе! О, Мудрост и Слово Божјо, и сило! Давај ни поцелосно да се причестуваме со Тебе во невечерниот ден на Твоето Царство!

Adidas footwear | Women's Nike Air Max 270 trainers - Latest Releases
Повеќе...

„Адам заспа и од ребрата негови смрт истече, а сега Ти спиеш, Слове Божји, и живот од ребрата на светот му точиш. Лозо животна слезе до дното на земјата, вино спасително ни подари, Крстот и страдањата ги прославуваме“ (стихови од Статиите на Велики Петок).

 

Во светиот и Велики Петок вечер, кога според востановената традиција ја пееме саботната Утрена служба, го празнуваме боготелесното погребение на Спасителот Христос и Неговото слегување во адот. Создателот денеска слегува во адот со тело, но не и со душата, зашто адот отстапи и се избезуми од преголемата сила. Денес Пречистиот Храм - Христос, Вториот Адам, слезе во длабочините на адот, за да го стане првиот Адам и да го повика човековиот род кон спасение. Христе Боже, дојди и во нас, и воскресни ја нашата душа од духовната заспаност, та и ние да земеме учество во Твоето светло и спасоносно Воскресение. 

Nike air jordan Sneakers | Mens Flynit Trainers
Повеќе...
Страница 168 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5