„Нека кажат Јудеите како војниците Го погубија Царот што Го чуваа, и зошто каменот не го дочува Каменот на животот? Или погребаниот да Го дадат, или на Воскреснатиот да Му се поклонат, говорејќи со нас: Слава на мноштвото Твои штедрости, Спасителе наш, слава Ти“ (хвалитна стихира на Утрена на Понеделник до Светла седмица).
На 02.05.2016 година, на вториот ден од Воскресението Христово, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати он верните чеда со пригодно слово, во кое се задржа на Воскресението Христово, како централен настан во животот на Црквата и на секој човек, и се помоли на Воскреснатиот Христос, Он да се всели во нашите срца и да воскресне и во нас, та и ние да се удостоиме за Неговото славно и спасоносно Воскресение.
short url link | Men's Sneakers





