„Со радост се исполни вселената, кога ја прими веста за Воскресението; Марија Магдалина дојде на гробот и најде ангел седнат на каменот, во облека што болскаше, и кој говореше: Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? Не е овде, но воскресна, како што рече: Пред вас ќе одам во Галилеја“ (хвалитна стихира на Утрена во Вторник од Светла седмица).
На 03.05.2016 година, на Третиот ден од прославувањето на торжеството над трожествата, Воскресението Христово, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Стевчо Тошевски, свештениците Ристо Камбуроски и Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им го честита празникот на верниците од Кичево со пригодно слово и им подели нафора.
Sportswear Design | NIKE





