Овој ден го создаде Бог, за да се зарадуваме и развеселиме во него. Христос воскресна од мртвите, со смртта ја победи смртта, и на оние во гробовите им даде живот вечен. Затоа нека се весели небесата и нека се радува земјата и нека празнуваат сите, зашто воскресна Христос, нашата вечна радост!
На 16.04.2017 година, на најсветлиот ден на Воскресението Христово, денот кога дојде спасението за целиот свет, централната прослава на Дебарско-кичевската епархија се одржа во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде беше објавено Воскресението Христово и каде беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На овој најсветол ден присуствуваше неизброен верен народ, како од Македонија, така и од сите страни на светот, а меѓу присутните беше и Претседателот на собранието на Р. Македонија, г-дин Трајко Вељаноски. По објавувањето на најрадосната вест, беше прочитано и Велигденското послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, го испрати до сите верни чеда, а истото ви го пренесуваме во целост.
Sport media | Nike Air Max





