„Страшно беше да се види како Творецот на небото и на земјата на крст виси, сонцето помрачено, денот пак во ноќ претворен, и како земјата ги испраќа телата на мртвите од гробовите: со нив Ти се поклонуваме и ние, спаси нè“ (тропар на Деветти час на Велики Петок).

 

Оној Кој со светлина се облекува како со облека, денес Го завиткуваат во плаштаница, и со мириси прекриен, Го положуваат во нов гроб. Денес Христос слегува во адот, за и таму да им го проповеда спасението и да ги скрши оковите на смртта, нашиот последен непријател. Затоа ги величаме Твоите страдања и Твоето погребение Спасителу, Кој дојде да го спасиш светот.

 

На 14.04.2017 година, на Велики Петок наутро, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беа отслужени Царските часови и Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. За време на Вечерната богослужба, беше изнесена светата плаштаница, на која верните се поклонуваат на положениот во гроб Христос. Христе Боже помилуј нè и удостој нè и за Твоето Воскресение, слава Ти!

Sportswear Design | adidas

 velpetutr2017 1velpetutr2017 2velpetutr2017 3velpetutr2017 4velpetutr2017 5velpetutr2017 6velpetutr2017 7

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5