„Беззакониците Го купија од ученикот Творецот на законот и, како престапник на законот, му го предадоа на суд на Пилата, викајќи: Распни Го, - оние на кои во пустината им даде маана. А ние, подражавајќи го праведниот разбојник, викаме: Спомни си и за нас, Спасителе, во Царството Твое“ (стихира на Блажени на Утрена на Велики Петок).
Денеска сето создание гледа треперејќи, зашто се распна Творецот на светот, Христос, Спасителот наш. Он, до крај понизен на Својот Отец, дозволи да Му судат беззаконици, да Го тепаат, да Му удираат шлаканици, да Го понизуваат, а на крај, дури и да Му ја изречат најсрамната смрт - распетието на крст. Затоа и земјата се затресе, и гробовите се отворија, и мртви воскреснуваа, не можејќи да ја истрпат неправдата, но и за да Го посведочат Неговото Божество. Затоа и нас, Христе, прости ни и дај ни да посведочиме заедно со оние кои Те чуваа: Навистина Овој бил Син Божји!
На овој ден, во светиот и Велик Четврток, во вечерните часови, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена Утрена богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. На Утрената богослужба, беа прочитани и дванаесетте страдални Евангелија, во кои четворицата евангелисти ги опишуваат настаните од последните земни денови на нашиот Спасител, Неговите страдања и смртта на Крстот. Со Твоето натприродно и за нас неизмерно милосрдие, Христе Боже, помилуј нè. Амин!
Running Sneakers | Women's Nike Superrepè





