„Кога сакаше да влезеш во Светиот град, Господи, луѓето носеа гранчиња од дрвја, воспевајќи Те Тебе, Господару на сите, и гледајќи Те како седиш на осле, како на престол херувимски; поради ова, пееја вака: Осана во висините, блегословен е Оној што дошол и пак доаѓа во името на Господа“ (хвалитна стихира на Утрена на Цветници).

 

На 01.04.2018 година, на великиот празник на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници, во храмот „Св. вмч Димитриј“ во Волонгонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Димче Ѓорѓиески и Љубомир Милошевски, протоерејот Александар Ивановски, свештениците Игор Младеновски и Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Nike sneakers | 【国内5月1日発売予定】アンディフィーテッド × ナイキ コービー 5 プロトロ "ホール オブ フェイム" メタリック ゴールド/フィールド パープル-マルチ カラー (DA6809-700) - スニーカーウォーズ
Повеќе...

„Денес се изврши големо и преславно чудо, зашто Христос од гробот го воскресна четиридневниот мртовец, откако го повика. И ние го славиме Него како преславен, по молитвите на праведниот Лазар, да ги спаси нашите души“ (стихира на Слава... на Хвалитни стихири на Утрена на Лазарева сабота).

 

На 31.03.2018 година, во Саботата од шестата седмица на Великиот пост - Лазарева сабота, во храмот „Св. Петка“ во Рокдејл, Сиднеј, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која ќиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Димче Ѓорѓиески и Ѓорѓи Лапоски, протоерејот Александар Ивановски, свештеникот Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен парастос за сите порано упокоени ктитори и приложници на овој свет храм, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Running sport media | Nike Air Max 270
Повеќе...

„Кога со посниот подвиг ги заузда сите телесни нагони, ја покажа храброста и цврстината на твојата душа; сакајќи да го видиш крстот Господен, самата себе се распна за светот, сечесна. Оттука и желбата твоја да живееш живот ангелски, себлажена. Моли Го Христа Бога да им дарува прошка на гревовите на оние што со љубов го слават твојот свет спомен“ (кондак на преп. Марија Египетска во Неделата од петта седмица на Великиот пост.).

 

На 25.03.2018 година, во Петтата недела од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Ѓорѓи Блажевски и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Buy Sneakers | Air Jordan Release Dates Calendar
Повеќе...

„О севоспеана Мајко, која Го роди Словото - посвето од сите светии, откако ќе го примиш овој наш сегашен принос, избави ги од сите напасти и ослободи ги од идните маки, оние што ти пеат: Алилуја!“ (13 кондак од Акатистот на Пресвета Богородица).

 

На 23.03.2018 година, во навечерието во петокот од петтата седмица на Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужен последниот акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на акатистот, со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Ѓорѓи Блажевски се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое го објасни потеклото на самиот чин на Акатистот, со посебен акцент на местото на оваа богослужба во животот на Црквата, но и во духовниот живот на сите православни христијани. 

bridge media | Nike Shoes
Повеќе...

„Чесниот Христов Крст гледајќи го денес изложен, да му се поклониме, и верно да се развеселиме со љубов целивајќи го, доброволно распнатиот на него Господа молејќи Го, да нѐ удостои сите нас, и на чесниот Крст да се поклониме, та и вокресението неосудено да го достигнеме“ (егзапостилар на Утрена на Крстопоклона недела).

 

На 11.03.2018 година, во Третата недела од Великиот пост - Крстопоклона недела, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред започнувањето на Литургијата, според црковниот устав, насреде храмот беше изнесен чесниот и животворен Крст, пред кого сите верници се поклонија и го целиваа, како поткрепа и утеха, потсетувајќи нѐ на доброволните страданија на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, та следејќи Го, и ние без тага и униние, да го земеме својот Крст и да тргнеме по Неговите стапки. Зашто само преку Крстот, може да дојдеме и до славното воскресение. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Adidas shoes | New Balance 247 "Castlerock" Buy Now , SneakerNews.com
Повеќе...
Страница 133 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5