„И во светлиот разгорен јаглен си бил непослушен на идолските служители, свештеномаченику Еразмо. Озаруван од самото Слово, си се покажал голем водител кон Светлината, на оние што те воспеваат достојно“ (песна од канонот на Утрена на свети свештеномаченик Еразмо Охридски).
Споменот на светиот Еразмо Охридскиот Чудотворец, кој се покажа храбар страдалник и секогаш брз послушник во молитвите на оние кои со вера го повикуваат, и оваа година беше торжествено прославен во манастирот „Св. Еразмо Охридски“ во Охрид, на местото каде тој уште многу одамна дојде да ја проповеда вистинската Светлина на луѓето од овие простори. Неговиот спомен, и по повеќе од седумнаесет века не е заборавен и нема да се заборави, зашто Христос му сплете двоен венец на мачеништвото и страдањето.
Buy Sneakers | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%





