„Вдахновената уста на пророците го воспеваше, о Цару, Твоето телесно пришествие, и Ти Го испрати Духот Кој произлегува од Отецот, Кој е несоздаден, законодавец, Кој го дели истиот престол со Тебе, за верните чест на единствено воплотување“ (Песна од Канонот на Утрена во Недела на света Педесетница).
На 27.05.2018 година, во Неделата на светата Педесетница, во храмот „Св. Троица“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Кирил Јованоски и Ромео Петрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, според црковниот типик, веднаш беше отслужена и Вечерна богослужба, на која беа прочитани молитвите на Педесетница, во која Црквата се моли за здравје, прошка на гревовите, за добивање на благодатта на Светиот Дух, но и за покој за сите порано упокоени православни христијани, со надеж за воскресение. На самиот крај, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое го поучи за значењето на овој голем Господов празник, и за животворноста на Светиот Дух - Утешителот, Кој ја води Црквата на патот кон вечноста.
bridgemedia | Ανδρικά Nike





