„Облечен во бело и светол како молња, Гавриил застана на гробот, и го тргна каменот од гробот, и голем страв ги обзеде Твоите стражари, и одненадеж сите станаа како мртви. Стражарите крај гробот и печатите на каменот повеќе не вредеа. Засрамете се, беззаконици, и разберете дека Христос воскресна“ (седален на Утрена во Неделата на сите светии).
На 03.06.2018 година, во првата недела по Педесетница - Неделата на сите светии, во манастирот „Сите светии“ („Сисвети“) во Лешани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Ѓорѓи Лапоски и Никола Христоски, еромонахот Вартоломеј, настојател на манастирот, свештеникот Александар Димоски, протоѓаконот Драган Ѓорѓиески и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Петар се обрати кон многубројниот верен народ со пригодно слово, во кое се задржа на подвигот на светиите и улогата на Светиот Дух во водењето на Црквата Христова. Потоа беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а беше осветен и камен темелник за нов манастирски конак.
affiliate tracking url | Nike Off-White





