„Вратата адова си ја скршил, Господи, и со Твојата смрт си го разурнал царството на смртта, а родот човечки си го ослободил од распадливоста, и на светот си му дарувал живот и нетление, и милост голема“ (воскресна стихира на Утрена во Вторник од Светлата седмица).
На 30.04.2019 година, на третиот ден од празнувањето на Воскресението Христово, во храмот „Воскресение Христово“ во с. Могилец, Македонски Брод, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Сашо Костадиноски, Боге Богески, Александар Матески и Зоран Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое ја истакна спасителната улога на Воскреснатиот Христос.
trace affiliate link | nike fashion





