На 11 октомври 2019 година, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше свечено отворена Меѓународната конференција: Св. Софија - „Премудроста која си изгради дом“, во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје. На отворањето свои говори имаа Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, како и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски. Работниот дел од конференцијата ќе се одржи во хотелот „Изгрев“ во Струга, а на истата ќе предаваат повеќе реномирани теоолози и научници од Македонија, Италија, Германија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Еден дел од конференцијата е посветен на храмот „Св. Софија“, на нејзината историја, архитектура и фрескоживопис, додека другиот дел ќе биде посветен на мудроста во Библијата, теологијата, философијата и во традицијата на Црквата. На отворањето на Конференцијата присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а присутен беше и Градоначалникот на оптшина Охрид, г-дин Константин Георгиески. На организаторите и на сите учесници на Конференцијата им посакуваме успешна и плодотворна работа.

buy footwear | Air Jordan
Повеќе...

На 04.10.2019 година, во официјална посета на Р. Македонија престојуваше државниот секретар на Соединетите Американски Држави, г-дин Мајк Помпео, заедно со својата сопруга, г-ѓа Сузан Помпео. При својата посета, г-динот Помпео ја посети Галеријата на икони во Охрид, како и едно од најзначајните светилишта на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“, кој потекнува од XIII век. Државниот секретар на САД беше свечено дочекан од највисока црковна делегација, предводена од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, кој беше придружуван од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, како и од секретарот на Светиот архиерејски синод, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент. Гостите од САД изразија голема заинтересираност за нашето црковно и културно богатство, а како спомен од Македонија, добија за подарок прекрасна икона од Мајката Божја, насликана од вештите раце на монасите од манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе.  

Best jordan Sneakers | Nike
Повеќе...

„Исполнети изобилно со врвната мудрост Христова, трите ќерки на Софија и избраната и благоумна мајка, ја посрамија свирепоста и неподнесливото лудило на мачителите, изложувајќи ги божествените учења“ (песна од канонот на Утрена на празникот на св. мч-чки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија).

 

На 30.09.2019 година, на празникот на св. мч-чки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Сашо Богданоски, протоерејот Кирил Јованоски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

latest Nike Sneakers | NIKE HOMME
Повеќе...

На 22.09.2019 година, во Четиринаесеттата недела по Педесетница и на празникот на св. праведни богоотци Јоаким и Ана и на св. Никита, во храмот „Св. Никола“ во Перт, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Станко Јовановски и Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Running Sneakers Store | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Pochta News
Повеќе...

На 21.09.2019 година, на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во храмот „Св. Петка“ во Рокдејл, Сиднеј, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Александар Ивановски, свештеникот Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Sneakers Store | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent" Obsidian/Blue Chill-White For Sale – Fitforhealth
Повеќе...
Страница 103 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5