На 21.09.2019 година, на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во храмот „Св. Петка“ во Рокдејл, Сиднеј, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Александар Ивановски, свештеникот Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Sneakers Store | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent" Obsidian/Blue Chill-White For Sale – Fitforhealth

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Рождеството на Богородица е радосен празник. Во црковниот календар неспорно има празници кои во својата содржина ги соединуваат радоста и жалоста. На пример, празникот Цветници, односно празникот на свеченото влегување на Господа Исуса Христа во Ерусалим и торжествениот пречек кој Му го приредил народот, неспорно е радост. Но, исто така овој празник содржи и жалост, бидејќи знаеме што се случува само по неколку дена со нашиот Спасител. Воздвижението на чесниот Крст на Господа Христа предизвикува радосно чувство, бидејќи е пронајдена една голема светиња за нас христијаните. Но, истовремено постои и жалост, бидејќи овој настан не потсетува на Христовите страдања на Крстот.


Празникот, пак, Рождество на Пресвета Богородица ни благовестува само радост. Дури кога ќе се роди и најобично дете, ние чувствуваме радост, без да знаеме дали тоа дете ќе биде добро или лошо. Но, во Рождеството на Богородица, ние чувствуваме двојна радост, бидејќи во нејзиното раѓање е вклучено и раѓањето на Господа Исуса Христа. Навистина со такви чувства го прославувале и чествувале и древните отци, па затоа и составиле тропар на Рождество на Богородица со големи сличности со тропарот на Рождество Христово, односно Божик.


Господ благоизволил Неговото доаѓање во овој свет да го придружуваат не само едно, туку многу чуда. Чудесно било Неговото непорочно зачнување и раѓање од Дева Марија. Чудна ѕвезда ги водела мудреците од исток во витлеемската пештера. На чудесен начин пастирите дошле да Му се поклонат на Богомладенецот. На чудесен начин Христос ја избегнал смртта од Ирода. Чудо е и што Симеон Богопримец поживеал повеќе од триста години за да Го прими на своите раце Богомладенецот и да ја изговори прочуената молитва: „Сега го отпушташ својот слуга, Владико..." (Лк 2, 29) Со чудо се пројавува и таа, заради која Бог го раздели Еврејскиот народ од идолопоклониците. Рождеството на Богородица е кулминација на праведноста што можело човештвото да ја постигне. Луѓето од себе ја принеле таа праведност за која биле способни праведните Авраам, Мојсеј и Давид, како и другите праотци. Од Бога била дадена благодат да ја сочува и соедини во Пречистата Мајка Господова. Како резултат на таа чудесна синергија, постанала преблагословената ќерка на Јоаким и Ана.


Родителите на Пресвета Богородица биле праведни, но бездетни. Со таа жалост тие дочекале и длабока старост, но ние гледаме дека Господ сакал да направи чудо, за никој да не може да го понижи достоинството на Пресвета Дева и да рече дека тоа е плод на обични луѓе. Не! Нејзиното раѓање е совршено натприродно. Тоа е плод на молитви. Сиот нивен живот, праведните родители се молеле да добијат рожба. Дури и тогаш кога според нашите човечки сили сме должни да се помириме дека после толкава старост не е можно, тие и тогаш се молеле за пород. На крај, се завршува со нивното искушение и праведната жртва. На старост можеле да речат дека Господ ги услишил нивните молитви и молби. Но, Бог секогаш ги слушал, како што ги слуша и нашите молитви денеска. Само не брзал да ги исполни, сакајќи со тоа да ја зацврсти нивната верата и нивната жалост да ја разгорува нивната молитва, приведувајќи ги кон вистински праведен живот. Токму тогаш, навистина на праведните родители им се раѓа вистински праведна ќерка. Нашата света Црква верува дека света Дева Марија немала лични гревови. Но, тоа што Богородица немала лични гревови, тоа е нејзина лична праведност и нејзин личен подвиг. Затоа таа постанала почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите и се удостоила да Го роди Господа Исуса Христа. Но, тоа рождество можело да се случи само благодарение на нејзината чистота и аскетски живот. Тоа за нас христијаните носи голема поука.


Па и ние кои се наоѓаме во овој свет храм и го прославуваме нејзиното рождество, да молиме од неа таа да биде наша застапница кај нејзиниот Син и наш Бог, за и ние да го избереме патот на доброто, чесното, благородното, светото и од нашите души и срца да отфрлиме се што е земно и гревовно и да одиме по Христа и на Неговиот пат. По молитвите на света Богородица, така нека биде. Амин.


Рождество на Пресвета Богородица
„Света Петка", Рокдејл
21.09.2019 год.

 

rokdejl2019 1rokdejl2019 2rokdejl2019 3rokdejl2019 4rokdejl2019 5rokdejl2019 6rokdejl2019 7rokdejl2019 8rokdejl2019 9rokdejl2019 10rokdejl2019 11rokdejl2019 12rokdejl2019 13rokdejl2019 14 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5