„Откако ја прими благодатта од небото да правиуш чуда, и со крштението ги очисти словенските народи, ти стана похвала и слава на светитеите и великопроповедник и апостол во Македонија. Имајќи, пак, смелост пред Бога, моли Го да ги спаси душите наши“ (литиска стихира на Слава... на Вечерна на св. Климент Охридски).

 

Прославата на св. Климент Охридскиот Чудотворец, на св. вмч. Пантелејмон и на св. Седмочисленици, започна на 08.08.2020 година, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Во подоцнежните часови беше отслужен и Акатист пред моштите на св. Климент Охридски Чудотворец, а Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа кон верниот народ, која ви ја пренесуваме во целост.

Nike shoes | Nike Running
Повеќе...

„Благочестива Параскево, украсу на мачениците, откако со силата на крстот ги порази сплетките на непријателите, и храбро ја победи свирепоста на мачителите, ја проповедаше верата во Бога“ (песна од Канонот на Утрена на преподобномаченица Параскева).

 

На 08.08.2020 година, денот кога го празнуваме споменот на св. свештеномаченик Ермолај и на светата преподобномаченица Параскева (Петка), во храмот „Св. Петка“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

trace affiliate link | Men’s shoes
Повеќе...

Почитувани верници на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, односно на Дебарско-кичевската епархија Охрид, во продолжение ви го пренесуваме во оригинал Соопштението по повод претстојниот празник на св. Климент Охридски Чудотворец, св. Седмочисленици и св. вмч. Пантелејмон. Светито Климент, патронот на нашата света Црква, да нѐ чува од секакви искушенија и да биде наш постојан заштитник и молител пред Севишниот Господ. За многу години!

best shoes | Nike Shoes, Clothing & Accessories
Повеќе...

„На огнена колесница, на облак се вознесе и во светловидна страна премина, Илија Тесвиќанецу, откако ги посрами безбожните пророци. И, како што небото со збор го врза, така разреши ги и нашите гревови, со твоите молитви кон Господа, и спаси ги душите наши“ (стихира по Евангелие на Утрена на св. пр. Илија).

 

Празнувањето на Осмата недела по Педесетница, како и празнувањето на двата големи празника  на св. пророк Илија и споменот на Пречистанските преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, и оваа година беше свечено одбележан во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево. Торжествата започнаа ден порано, на 01 август, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Стевче Тошевски, еромонахот Макариј, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, беше отслужен и Парастос за сите борци и учесници во сите буни, востанија и борби на макеоднскиот народ, кои го положиле својот живот за слобода на нашата Татковина Македонија и за нашата света Црква.

affiliate tracking url | nike 2015 hyperdunks orange women shoes sale event for Women & Men - Buy Online - Fitforhealth
Повеќе...

Почитувани верници, во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, од манастирот „Пресвета Богородица Захумска“ Заум во с. Трпејца, Охрид. 

best Running shoes | Nike WMNS Air Force 1 '07 Essential , CZ0270-102 , Querrey
Повеќе...
Страница 88 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5