Почитувани верници, во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, од манастирот „Пресвета Богородица Захумска“ Заум во с. Трпејца, Охрид. 

best Running shoes | Nike WMNS Air Force 1 '07 Essential , CZ0270-102 , Querrey

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


За време на светата литургија ги слушнавме зборовите на Господа Исуса Христа од Евангелието според Матеј (9, 1-8). Евангелието ни раскажува за исцелението на еден парализиран човек во Капернаум, кога Христос присуствувал во еден дом каде се собрал многу народ и било невозможно да се влезе во просторијата во која се наоѓал. Овој парализиран човек кој бил носен на носила имал неколкумина верни другари. Тие биле силно уверени дека Господ Христос ќе го излекува. Не обрнувајќи внимание на сите тешкотии, тие го донеле пред Христа. Како болниот, така и неговите другари биле силно уверени дека Бог ќе се смилува и ќе го излекува. Затоа и Господ Христос ја видел нивната голема намера и ја оценил нивната грижа, но што е најважно, Тој ја видел нивната вера и увереност, па затоа и му рекол на парализираниот: „Не плаши се чедо, ти се простуваат гревовите твои".


Нема ништо посилно за човекот од искрената и вистинска вера. Со вера и љубов, овие луѓе се зафатиле за својот потфат, носејќи го својот болен другар во постела. Гледаме дека тие не бараат ништо за себе, туку за својот изнамачен собрат. Тие се надевале дека човекољубивиот Господ ќе го прими нивното испеведање и ќе ја награди нивната вера со исцеление на болниот. Така и се случило. Чудесното избавување од болеста се јавува како последица на потполното сознание за божественото величие на Христа и на Неговата голема сила. И за самиот парализиран човек знаеме дека многу страдал и се плашел. Можеби се прашувал и дали подвигот на неговите другари ќе биде залуден. Тој и самиот разбрал дека не страда без причина. Тешката болест била казна од Бога за сторените гревови во минатото. За време на болеста тој многу страдал и исправно се покајал. Гледајќи ја неговата смиреност пред волјата Божја, Господ го охрабрил јадниот со зборовите: „Не плаши се чедо, ти се простуваат гревовите".


Како што знаеме, Господа Христа постојано го следеле, како обичниот народ, така и книжниците и фарисеите и чекале згоден момент да Го обвинат. Сега се фатиле за зборовите: „Ти се простуваат гревовите". Тие негодуваат и велат дека само Бог може да простува, па така се прашуваат како Овој се осмелува да простува гревови. На тоа Христос, Кој ја пројавува својата божествена власт вели: „што е полесно да се каже ти се простуваат гревовите твои или да речам стани и оди си?" (Мт. 9, 5).


Денешното евангелско четиво не поучува дека за да ни се простат гревовите, неопходна е искрена и чиста вера во Господа и во Неговата сила. Така верувал парализираниот, така верувале и неговите другари кои го донесле и го положиле пред нозете Христови. Господ затоа и дошол во овој свет – за да ги спаси грешниците и да ги помилува сите кои се каат и да им даде прошка за гревовите.


Парализираниот човек, кој заглавил во гревови и немал телесни сили за самиот да се упати кон Христа и немал можност да се спаси, многу сакал да се сретне со Бога. Затоа Бог му ги испратил неговите верни другари кои се спремни да му помогнат. Но, состојбата на грешникот е поинаква. Патот кон Господа е отворен за секој човек. Но грешниот не оди сам и сознателно се оддалечува од Господа, правејќи беззаконија и нарушувајќи ги заповедите Божји. Се доаѓа до заклучок дека тој може, но не сака да го постигне општењето со Бога.


Но, милосрдието на небесниот Отец нема граници. Бог, по Неговата голема љубов, не престанува да се грижи за секој грешник и по зборовите на свети апостол Петар: „Господ долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се обратат кон покајание" (2 Петр. 3, 9). Среќен ќе биде тој човек што како парализираниот ќе стане од постелата на своите гревови со искрено покајание и вистинско исповедање на Господа и ќе прибегне со вера и надеж кон исцелителната сила на Спасителот и со понизност и трпеливост ќе пристапи кон Бога, сознавајќи го своето недостоинство. На таквиот човек, Господ задолжително ќе му каже: „Не плаши се чедо, ти се простуваат гревовите твои". Амин.


Шеста недела по педесетница
ман. „Пресвета Богородица Захумска“ Заум с. Трпејца, Охрид
19.07.2020 год.

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5