Почитувани верни чеда, во продолжение ви го пренесуваме словото на Епископот Антаниски г. Партениј,игумен на Бигорскиот манастир, изречено на 17.10.2020 година, пред почетокот на Вечерната богослужба, во манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски манастир.
Епископ Антаниски Партениј
Ваше Високопреосвештенство,
Ваше Високопреподобие,
Преподобни и чесни отци, браќа монаси и сестри монахињи,
Возљубени гости и пријатели,
Се наоѓаме во навечерието на големата прослава на великата годишнина на Свештената Бигорска Обител – 1000 лета од нејзиното основање од страна на нашиот отец меѓу Светиите, првиот и славен Охридски Архиепископ, Јован Дебранин. Јубилеј кој во себе открива еден недогледен океан на духовност, историја, просвета, родољубие, преродба, светост. Овој ден претставува, всушност, оцртување и заглавие на илјада години живот и сведоштво, и на подвиг и жртва на оваа свештена Скинија на Чесниот Претеча и Крстител Јован и го заокружува смиреното постигнување на нашата свештена монашка заедница. Стоејќи со восхит и благоговение пред оваа величествена годишнина, нашите срца се исполнуваат со благодарност и со должна почит кон нашите благочестиви претшественици, кон починатите отци и браќа наши, коишто во своите срца го запишале Словото на Вистината и ни оставиле образец на вистински живот и неспоредливо наследство. Просејќи го сега нивното застапништво пред Бога, со умиление и почит извикуваме: „Вечен им спомен!"
Running sneakers | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp