„Архистратиже на огнените слуги, Михаиле, од Отецот си примил да бидеш застапник на светлините. Затоа го имаш и сјајот на Неговата слава, престојувајќи околу пречистиот престол, како прв меѓу нематеријалните чинови“ (Светилен на Утрена на Собор на св. Архангел Михаил и др. бесплотни сили).

 

На 21.11.2020 година, на денот кога го прославуваме празникот Собор на св. Архангел Михаил и на другите бесплотни Сили, во ман. „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а на самиот крај беше извршен и мал Парастос, за покој на душата на блажено упокоениот Патријарх Српски г. Иринеј. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Running Sneakers | Official Images Of The Air Jordan 4 University Blue WMNS Shimmer Bronze Eclipse DJ0675-200 , Fitforhealth
Повеќе...

На 20.11.2020 година, во 07.07 часот, во Војната ковид болница „Карабурма“ во Белград, се упокои во Господа Неговата Светост Архиепископот Пеќки, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски г. Иринеј (Гавриловиќ). Патријархот Иринеј е роден на 27 август 1930 година во с. Видово кај Чачак, а крстеното име му е Мирослав. По завршувањето на основното училите, а потоа и на Гимназијата во Чачак како и Богословија во Призрен, завршува на богословскиот факултет во Белград. Замонашен е во 1959 година, а истата година добива и еромонашки чин. Во 1974 година е избран за викар на Патријархот Српски со титула Епископ Моравички. За Епископ Нишки е избран во 1975 година. На 22 јануари 2010 година избран е за Архиепископ Пеќки, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски, должност што ја извршуваше сѐ до денешното негово упокоение. Од името на Дебарско-кичевската епархија изразуваме сочувство до Српската православна црква, како и до сиот верен народ во Србија, за големата загуба, а, истовремено, се молиме на Севишниот Господ, Он да ја всели неговата душа таму каде што почиваат праведниците. Вечнаја памјат!

buy footwear | Klær Nike
Повеќе...

„Со Крстот си го вооружил Нестора, преку кого на боралиштето си ја разорил горделивоста Лиева; како Христос, со копје ги отвораш ребрата твои, со кои пази го стадото твое“ (Светилен ан утрена на св. вмч. Димитриј Солунски).

 

На 08.11.2020 година, во Дваесет и втората недела по Педесетница и на празникот на св. вмч. Димитриј Солунски Чудотворец, во храмот „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во Битола, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов и Никола Христоски, протоереите Златко Костовски и Кирил Трајковски, протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски и драган Ѓеорѓиевски и ѓаконот Ѓорѓи Делев. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Sportswear free shipping | Nike Wmns Air Force 1 07 Essential White Silver Gold Women Casual , Cellmicrocosmos Marketplace
Повеќе...

„Мудро испитан во воздржување, како злато во огнена печка, се покажа уште посветол, преподобен Прохоре. Затоа премина во Небесното царство. Поради овам со вера славејќи те, викаме: Отче, испроси за нас благодат, милост и очистување на нашите гревови“ (седален на утрена на преп. Прохор Пчински).

 

На 01.11.2020 година, на споменот на преподобниот отец наш Прохор Пчински, во ман. „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Running Sneakers Store | Trending
Повеќе...

„Вистинската ревност ја возљуби имајќи Го Христа како котва најсигурна, Неговиот лик ни го оставуи, пред да заминеш кај Него, за утеха, оче Константине и слава на Троица“ (хвалитна стихира на Утрена на св. Константин Кавасила).

 

На 31.10.2020 година, на денот кога го прославуваме споменот на св. ап. и евангелист Лука и на св. Константин Кавасила, во манастирот „Св. Наум Охридски“  во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен краток Парастос за покој на душата на упокениот Митрополит Црногорско-приморски Амфилохиј, а потоа Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

jordan release date | Nike Air Force 1 , Sneakers , Ietp STORE
Повеќе...
Страница 83 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5