На 20.11.2020 година, во 07.07 часот, во Војната ковид болница „Карабурма“ во Белград, се упокои во Господа Неговата Светост Архиепископот Пеќки, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски г. Иринеј (Гавриловиќ). Патријархот Иринеј е роден на 27 август 1930 година во с. Видово кај Чачак, а крстеното име му е Мирослав. По завршувањето на основното училите, а потоа и на Гимназијата во Чачак како и Богословија во Призрен, завршува на богословскиот факултет во Белград. Замонашен е во 1959 година, а истата година добива и еромонашки чин. Во 1974 година е избран за викар на Патријархот Српски со титула Епископ Моравички. За Епископ Нишки е избран во 1975 година. На 22 јануари 2010 година избран е за Архиепископ Пеќки, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски, должност што ја извршуваше сѐ до денешното негово упокоение. Од името на Дебарско-кичевската епархија изразуваме сочувство до Српската православна црква, како и до сиот верен народ во Србија, за големата загуба, а, истовремено, се молиме на Севишниот Господ, Он да ја всели неговата душа таму каде што почиваат праведниците. Вечнаја памјат!
buy footwear | Klær Nike






