„Архистратиже на огнените слуги, Михаиле, од Отецот си примил да бидеш застапник на светлините. Затоа го имаш и сјајот на Неговата слава, престојувајќи околу пречистиот престол, како прв меѓу нематеријалните чинови“ (Светилен на Утрена на Собор на св. Архангел Михаил и др. бесплотни сили).

 

На 21.11.2020 година, на денот кога го прославуваме празникот Собор на св. Архангел Михаил и на другите бесплотни Сили, во ман. „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а на самиот крај беше извршен и мал Парастос, за покој на душата на блажено упокоениот Патријарх Српски г. Иринеј. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Running Sneakers | Official Images Of The Air Jordan 4 University Blue WMNS Shimmer Bronze Eclipse DJ0675-200 , Fitforhealth

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Ние денеска ги прославуваме светите ангели, небесните сили на чело со свети архангел Михаил. Овој празник нѐ повикува да размислуваме за силите кои дејствуваат врз луѓето и врз целата вселена. На Бога Му било угодно, нивната природа да не биде целосно позната за нас. Кога човек размислува за горниот, невидлив и бестелесен свет, си замислува најразлични човечки претстави. Затоа и ангелите ги претставуваме како млади деца или момчиња со крилја. Ова изобразување е според нашата логика зашто водени од тоа дека живеат горе на небото, човекот ги замислува со крилја за да можат да се искачат во небесните височини. Но, треба да знаеме дека тоа е исклучиво човечка претстава. Токму затоа, кај различни народи и култури се среќаваат најразлични претстави на небесните сили. Но едно е јасно: ние луѓето не ја познаваме целосно нивната природа. Но, знаеме дека тие имаат разум и волја. Исто така, знаеме дека не сите од нив имаат добра волја. Има и такви кои се спротивставиле на волјата Божја и тоа сознателно и доброволно. Затоа постанале противници Божји, односно демони, кои се невидливи за нас и припаѓаат на истиот бестелесен свет.


Во денешниот Апостол, кој го прочитавме за време на светата Литугија, од Посланието на светиот апостол Павле до Евреите (2, 2-10), слушнавме извонредни зборови кои се однесуваат на ангелскиот свет. Бог им дал власт на тие сили над вселената. Не над земјата, не над луѓето, туку над вселената, односно над целиот космос. Се поставува прашањето: што значи таа власт? Ние тоа никогаш не можеме да го спознаеме до крај. Но, можеме да претпоставиме колкава голема сила треба да поседуваат за да имаат влијание на целата вселена, на целиот космос и на сиот човечки род. Како што се развива науката и се доаѓа до нови научни откритија и се разјаснуваат многу непознати тајни кои до вчера биле непознати, а денес се објасливи, можеби во иднина и тоа ќе се открие и разјасни. Но, до денеска, за нас луѓето тоа е нејасно и неразбирлива е нивната сила во овој свет и век. Но, на таа невидлива сила ѝ е доверена посебна грижа за луѓето. Во денешниот Апостол слушнавме дека човекот е поставен малку подолу од ангелите, но е овенчан со слава и чест. Како телесни суштества, ние не располагаме со таква сила која делува во светот што нѐ опкружува и немаме таква енергија со каква што располагаат невидливите ангели во овој свет. Но, и ние како луѓе, како и ангелите имаме разум и слободна волја и можеме да разбереме и да разликуваме што е добро, а што е зло.


Од преданието на светата Црква ние знаеме дека секој човек има свој ангел чувар кој постојано се грижи за нас во овој живот. Доколку ние ја извршуваме волјата Божја, тој е секогаш покрај нас и нѐ чува и пази од ангелот сатанин, кој постојано се труди да нѐ наведе на погубен пат, за да не ја исполнуваме Божјата, туку неговата волја и така да нѐ доведе до погибел. Исто така, знаеме и веруваме дека невидливите ангелски сили ја носат секоја човечка душа по упокојувањето преку различните воздушни митарства. Ангелот пазител се радува доколку душата е праведна и лесно ја спроведува преку митарствата, а се натажува ако душата е грешна. Тогаш се радуваат мрачните сили и ја водат во пеколот, на вечни страдања и маки.


Исто така, знаеме дека на секој човек влијаат овие невидливи ангелски сили. И темните и светлите сили влијаат на секој човек. Ние денес ги прославуваме светлите и божествени сили. Тоа се силите кои Го почитуваат Бога. Нив ги молиме за помош во нашата човечка борба со злото. Веруваме дека по милоста Божја и по нашите недостојни молитви, милостивиот Бог ќе го заштити секого од нас со таа невидлива енергија на Неговите добри ангели кои се способни да нѐ заштитат од различните искушенија и погубни дејствија на темните демонски сили.


Затоа, кога се молиме на Господа Исуса Христа и на Неговата пресвета Мајка, да се помолиме и на нашиот ангел чувар да нѐ заштити, бидејќи секој од нас има свој небесен чувар. Амин.


Свети архангел Михаил
Манастир „Свети Наум Охридски"
21.11.2020 год.

 

svarhmih2020 1svarhmih2020 2svarhmih2020 3svarhmih2020 4svarhmih2020 5svarhmih2020 6svarhmih2020 7svarhmih2020 8svarhmih2020 9svarhmih2020 10svarhmih2020 11svarhmih2020 12svarhmih2020 13svarhmih2020 14svarhmih2020 15svarhmih2020 16svarhmih2020 17svarhmih2020 18

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5