Почитувани верни чеда на МПЦ-ОА, Дебарско-кичевска епархија Охрид, во прилог Ви го пренесуваме Соопштението по повод Велигденските празници. Ве замолуваме, поради Вашето здравје и здравјето на Вашите блиски, како и за доброто на сите нас, грижа што произлегува од заповедта да се чува телото како храм не Светиот Дух, да се придржувате до мерките од Комисијата за заразни болести, а потврдени од Владата на Македонија. Истоврмено, се молиме Господ Исус Христос, нашиот Спасител, што побрзо да нѐ избави од ова зло. а ние достојно да ја славиме силата на Неговото Воскресение. Ви ги честитаме претстојните Велигденски празници и Ве поздравуваме со древниот поздарв: Христос воскресе!   

trace affiliate link | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%
Повеќе...

„На небесата носен на престолот, а на земјата - на осле, Христе Боже, си ја примил похвалата од ангелите и песната од децата, кои Ти викаат: Благословен си Ти, Кој доаѓаш да го повикаш адама“ (кондак на Утрена во Недела цветна - Цветници).

 

На 25.04.2021 година, во Неделата цветна - Цветници, денот кога нашиот Спасител, Господ Исус Христос, смирено влегува во Ерусалим знаејќи дека Неговиот пат оди кон Голгота, во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред почетокот на Литургијата беа осветени палмовите и врбови гранчиња, а по завршетокот на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

latest Running | Nike Shoes
Повеќе...

„Порано исполнета со секакви блудни дејства, сега со покајание се покажа Христова невеста; ангелскиот живот подражавајќи го, со оружјето на крстот демоните ги погубува. Поради тоа се покажа невеста на Царството, Марие преславна“ (кондак на Утрена во Неделата од петта седмица од Великиот пост).

 

На 18.04.2021 година, во Неделата од петтата седмица на Великиот пост - Неделата на преп. Марија Египетска, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештеникот Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Running Sneakers Store | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177
Повеќе...

„О севоспеана Мајко, која Го роди Словото - посвето од сите светии, откако ќе го примиш овој наш сегашен принос, избави ги од сите напасти и ослободи ги од идните маки, оние кои ти пеат: Алилуја!“ (Кондак 13 од Акатистот на Пресвета Богородица).

 

На 16.04.2021 година, во поладневните часови, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужен последниот акатист на Пресвета Богородица во овој Велик пост, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески, еромонахот Никодим и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Акатистот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Running sneakers | Nike Air Max 270 - Deine Größe bis zu 70% günstiger
Повеќе...

На 11.04.2021 година, во Четвртата недела од Великиот пост - Недела на св. Јован Лествичник, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј присуствуваше на светата Божествена Литургија во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид. По завршувањето на Литургијата, редовниот свештенослужител, со благослов на Митрополитот, ја прочитра беседата наменета за оваа недела, напишана од Митрополитот Тимотеј. Истата ви ја пренесуваме во целост.

best Running shoes | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent" Obsidian/Blue Chill-White For Sale – Fitforhealth
Повеќе...
Страница 75 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5