„Кога сакаше во гробот телесно да се заклучиш, Ти, Кој според природата на Божеството си неопислив, и неопределен, дувлата на смртта ги заклучи, и сите царства адови ги уништи. Тогаш и оваа сабота ја удостои за божествениот благослов и слава, и за Твојата светлина“ (стиховна стихира на Вечерна на Велики Петок).

 

Во светиот и Велики Петок, го празнуваме симнувањето на Христа од Крстот и Неговото полагање во чист и нов гроб. Создателот на светот денеска слегува и во адот, за и таму да им го проповеда Евангелието на сите кои од почетокот на светот и паѓањето во грев Го чекаа Искупителот, Кој повторно ја воспостави старата убавина и нè врати во првобитната состојба. Затоа, ги величаме Твоите страдања Христе, и го воспеваме Твоето погребение: Господи, слава Ти

 

Во Великиот и свет Петок наутро, на 29.04.2016 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беа отслужение Царските часови, заедно со Вечерна богослужба, на кои чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Велерната богослужба, според црковниот типик, се изнесе и светата плаштаница, со која се симболизира положувањето на Спасителот Христос во гробот. Христе Боже, Кој претрпе смрт и крст, и отиде на доброволно погребение, помилу нè и спаси нè. Амин!

Nike air jordan Sneakers | Nike Air Max 270 - Deine Größe bis zu 70% günstiger
Повеќе...

„Оној што се облекува со Светлина како со риза, необлечен стоеше на судот и по образот прими удари од рацете што ги создаде: беззаконите луѓе на крст Го приковаа Господа на славата: тогаш црковната завеса се раздра, сонцето се помрачи, не можејќи да го гледа понижувањето на Бога, пред Кого трепери сè што е создадено: Нему да Му се поклониме“ (десетти антифон од Утрена на Велики Петок).

 

Во светиот и Велики Четврток навечер, кога всушност ја пееме Утрената служба од Велики Петок, си спомнуваме за светите, спасителни и страшни страдања на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, Кој како Бог се понижи и се овоплоти и стана човек сличен на нас во сè, освен во гревот, а како Човек ја прифати волјата на Отецот, подвргнувајќи Се на страшни страдања, тепања, шлаканици, плукања и смрт на крст. Но, која е таа сила, што Го водеше нашиот мил Христос, сето ова да го претрпи, па дури и да каже: Прости им Боже, не знаат што прават? Тоа е силата на Новиот завет, силата и причината за нашето создавање, силата што нè одржува низ вековите- љубовта. Затоа и Христос им вели на Своите ученици: Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јн. 13, 34-35). Таа љубов нека ни ја дарува нашиот Христос и нам, за и ние да се наречеме Негови ученици и исполнители на Неговата волја.

Sportswear free shipping | Nike Dunk Low Coast UNCL - Grailify
Повеќе...

„Безсловесниот Јуда го примаше телото кое ослободува од гревот и божествената крв пролеана за светот. но не се срамеше да ја пие оваа крв што за пари ја продаваше. Тој не умееше да го избегне ова предавство и да вика: Пејте Му на Господа, дела, и превозносете Го во сите векови“ (песна од Канонот на Утрена на Велики Четврток).

 

На 28.04.2016 година, на Велики Четврток наутро, кога го празнуваме споменот на востановувањето на светата тајна Евхаристија - Тајната Вечера, миењето на нозете, свештената молитва, а си спомнуваме и за предавството Јудино, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

url clone | Nike Shoes
Повеќе...

„Пристапи жената грешна и осквернета, пролевајќи солзи, љубејќи Те и страдањето навестувајќи го: Како ќе Те погледнам, Господи? Зашто Самиот си дошол да ја спасиш блудницата. Мене умрената, воскресни ме од бездната, Ти, Кој го воскресна од гробот четиридневниот Лазар. Прими ме, Господи, мене бедната, и спаси ме“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна од Велика среда).

 

На 27.04.2016 година, во светата и Велика среда, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Димче Азески, Владо Недески, Роберт Илијевски и Павел Крцоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, свештеникот Димче Азески ги причести верните кои се подготвиле да пристапат кон светиот Путир, а свештеникот Владо Недески им подели нафора на присутните верници. 

Nike Sneakers Store | Autres
Повеќе...

„Излезете народи, излезете луѓе, и видете Го денес Царот Небесен, како влегува во Ерусалим на грдо осле, како на возвишен престол: роде јудејски неверен и прељубодеен, пријди и види Го Господа, за Кого пророк Исаија предвиде дека заради нас ќе дојде во тело; ете Го Младоженецот на новиот Сион, и за Неговата чиста и непорочна свадба, мноштво невини деца се собраа фалејќи Го; со нив и ние да ја запееме ангелската песна: Слава во висините, на Оној што има милост голема“ (хвалитна стихира на Утрена на Цветници).

 

Оној што за престол го има небото, денес, седнат на осле, влегува во Ерусалим, подготвен да ги претрпи срамните унижувања и да ја покаже Својата светла победа над смртта. „Ликувај од радост ќерко Сионова! Ете, Царот твој доаѓа при тебе, кроток, седнат на осле, рожба на ослица“ (Зах. 9, 9). Затоа и нашиот Спасител, Господ Исус Христос, беше воспеан од устите на мноштвото незлобиви дечиња, кои Му викаа: Осана на Синот Давидов, благословен е Оној, што доаѓа во името на Господа. И нас Господи, кои денес го прославивме овој голем празник, со Твоето неискажливо милосрдие, удостој нè да го видиме и Твоето живоносно воскресение и помилуј нè, сега и секогаш и во вечни векови.

best Running shoes brand | Nike Shoes
Повеќе...
Страница 169 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5