„Оној што се облекува со Светлина како со риза, необлечен стоеше на судот и по образот прими удари од рацете што ги создаде: беззаконите луѓе на крст Го приковаа Господа на славата: тогаш црковната завеса се раздра, сонцето се помрачи, не можејќи да го гледа понижувањето на Бога, пред Кого трепери сè што е создадено: Нему да Му се поклониме“ (десетти антифон од Утрена на Велики Петок).
Во светиот и Велики Четврток навечер, кога всушност ја пееме Утрената служба од Велики Петок, си спомнуваме за светите, спасителни и страшни страдања на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, Кој како Бог се понижи и се овоплоти и стана човек сличен на нас во сè, освен во гревот, а како Човек ја прифати волјата на Отецот, подвргнувајќи Се на страшни страдања, тепања, шлаканици, плукања и смрт на крст. Но, која е таа сила, што Го водеше нашиот мил Христос, сето ова да го претрпи, па дури и да каже: Прости им Боже, не знаат што прават? Тоа е силата на Новиот завет, силата и причината за нашето создавање, силата што нè одржува низ вековите- љубовта. Затоа и Христос им вели на Своите ученици: Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јн. 13, 34-35). Таа љубов нека ни ја дарува нашиот Христос и нам, за и ние да се наречеме Негови ученици и исполнители на Неговата волја.
Sportswear free shipping | Nike Dunk Low Coast UNCL - Grailify
На овој светол празник, на 28.04.2016 година, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена Утрена богослужба, на која беа прочитани дванаесетте страсни Евангелија, а на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. Распнатиот Христос нека ни дарува опростување на гревовите, та преку учеството во Неговата смрт, да станеме и учесници во Неговото Воскресение. Амин.





