„Сефален Јоване, навистина ќе се наречеш пророк на Севишниот, зашто ќше врвиш пред лицето на Христа, за да Му подготвиш пат на Создателот, му рече на својот син, Захарија, воден од Пресветиот Дух“ (песна од Канонот на Утрена на Раѓање на св. Јован Крстител).
Раѓањето на светиот и славен пророк, претеча и Крстител Јован, кое го одбележуваме на 07 јули, со најголеми свечености беше одбележан во манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски. Торжествата започнаа ден порано, со сеноќно бдение, на кое чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на браќата од Бигорската обител. Круната на бдението, секако, беше светата архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитите Иларион и Јосиф, архимандритот Партениј, игумен на манастирот, еромонасите Доситеј, Макариј, Ефросиниј и Кирил, свештениците Миле Ангелоски и Павел Крцоски, протоѓаконите Сашо Ристов и Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. По завршувањето на Литургијата, беше осветено коливото, а Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
Asics footwear | New Balance 991 Footwear





