„Воспевајќи ги чиновите на Твоите свети, се молам: По нивните молитви да биде озарена мојата душа, со Твојата светлина, зашто Ти си непристапната светлина која го протерува мракот на незнаењето, со Твоите светлости, Слово Божјо, Христе, Дарителу на светлина“ (песна од Канонот на Утрена на Недела на Сите светии).

 

На 26.06.2016 година, во Неделата на Сите светии, во манастирот „Сите светии“ во с. Лешани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештеникот Владо Недески, еромонахот Вартоломеј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која ви ја пренсуваме во целост.

Sportswear free shipping | UK Trainer News & Releases

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Нашата света Црква, во првата недела по светата Педесетница ги прославува Сите Светии. Ословувањето со Божји угодници, или, пак, светии, доаѓа од грчкиот збор άγιοσ, збор што значи, поинаков човек од останатите луѓе. Тие се совршени во верата, љубовта и надежта во милоста Божја. Тие се најсовршен пример на евангелскиот живот. Светителите, за време на нивниот овоземен живот секојдневно растеле во добродетелите. На крајот од нивниот живот, Христос живеел во нив, а сè помалку земниот човек. Затоа, и големиот апостол на народите, при крајот на неговиот живот рекол: „Јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене" (Гал. 2, 20).


Светиите, со својот живот, се јавуваат како Христови сведоци. Тие не се пропагатори на Христовата вера, туку, тие се сведоци кои со својот живот сведочат како се доживува Христовата вистина. Токму онака како што барал Господ Христос од Своите ученици да бидат Негови сведоци. Па, затоа, често пати Неговите ученици ги жртвувале своите животи и ги поднесувале најтешките мачеништва, бидејќи силно и непоколебливо верувале во Христовата личност, посведочувајќи го тоа со сопствениот живот. Во животот на светиите се огледува Христовата личност.


„Дивен Бог во Своите светии" (Пс. 67, 35). Божјата совршеност се огледува во Неговите созданија, но, најмногу во личноста на благородните луѓе. Меѓу таквите, пак, најпрекрасни се светиите. Затоа, Божјите угодници се најгласни гласници на Божествената вистина. Св. Јован Златоуст во една од своите беседи вели: „Кога ние би биле подобри христијани, не би имало незнабошци помеѓу нас". И денеска би можеле да речеме, доколку помеѓу нас би имало повеќе следбеници на Христовата наука, толку помалку помеѓу нас би имало, неверни и лоши луѓе.


Запишана е приказната за еден млад човек кој бил добар христијанин и се трудел да живее според начелата и принципите на нашата света Православна црква и вера. Така, во сон се нашол во рајот небесен и влегол во продавница. А таму, како продавач бил Ангел Божји. Младичот од продавачот побарал да купи најубави добродетели. Но, Ангелот му одговорил дека тука не се продаваат готови плодови, туку, се продаваат семиња. А секој човек има можност тоа семе на добродетелите, со неговиот живот, и со неговите постапки да го израсне, да го развива и така да спечали вечен и блажен живот. Тоа може да се спореди со семка од било кое дрво. Семка која паѓа на разни почви. Но, со својата упорност ги пребродува сите тешкотии никнува и израснува, и на камен и на земја, давајќи ги своите плодови. Така, секој христијанин е должен семето на добродетелите да го негува. Со други зборови, да ги надминува сите искушенија, неправди, маки и страдања. Својата душа да ја негува и да ја чисти. И така, доброто семе, со добродетелите да расте, да созрејува и да носи духовни плодови преку кои ќе стекнеме вечен и блажен живот.


Иако ова се случува во сон, сепак, можеме да извлечеме многу корисна поука. Ни дава многу реална слика, како, ние, како христијани треба да се трудиме, да се подложуваме во негување на нашата вера. Но, таа вера да биде попратена со дела и добродетели, бидејќи св. ап. Јаков вели: „Верата без добри дела е мртва" (Јак. 2, 20).


И ние денеска, прославувајќи го празникот на сите Божји угодници, почнувајќи од Старозаветните цареви, пророци, па преку апостолите, ерарсите, мачениците, свештеномачениците, преподобните отци и мајки, да се угледаме на нивните животи, на нивните постапки, на нивната вера и на нивните добри дела. Па и во нашите души да се засади Христовото семе на вера и добродетели, па и ние да можеме да ја исповедаме и сведочиме нашата Православна вера во средините каде што живееме, работиме и се движиме. Нашиот Спасител Господ Исус Христос ни даде заповед да бидеме совршени како што е совршен нашиот Отец Небесен (Мт. 5, 48).


Да се обратиме со искрена молитва кон сите Божји угодници. Тие да бидат наши молитвеници и помошници, па да можеме и ние да ја живееме нашата вера како вистински Христови сведоци и да измолиме милост Божја за спасение на нашите души, сега и во сета вечност. Амин!

 

Недела на Сите Светии
26. 06. 2016 година
Манастир „Си Свети" – с. Лешани, Охрид

 

sisveti2016sisveti2016 1sisveti2016 2sisveti2016 3sisveti2016 4sisveti2016 5sisveti2016 6sisveti2016 7sisveti2016 8sisveti2016 9sisveti2016 10sisveti2016 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5