На 13.11.2016 година, во својата 81-ва година од животот, се упокои во Господа игуманијата Агнија, која веќе 30 години верно служеше и раководеше со манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево. Последниот поздрав со мати Агнија, започна со света архиерејска заупокоена Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, протоереј Стевчо Тошевски, свештениците Владо Недески, Александар Матески, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Анатолиј. Во попладневните часови, во присуство на многубројни роднини и пријатели на игуманијата Агнија, како и на голем број верници од цела Македонија. беше извршено опелото за мати Агнија. на кое чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Агатангел, како и на повеќе свештенослужители од Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодно слово и се прости од нашата верна Игуманија, а истото во целост ви го пренесуваме.
Nike air jordan Sneakers | Nike Running





