На 12.03.2017 година, во Втората недела од Великиот пост - Недела на свети Григориј Палама и на празникот на свети Агатангел Битолски, во храмот „Св. Григориј Палама“ во Струмица, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, архимандритот Партениј, како и повеќе свештенослужители. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. Овој ден стана особено радосен за струмичани, за нашата света Македонска православна црква, но и за целата Татковина, со пристигнувањето на копијата од иконата на Пресвета Богородица Скоропослушница, подарок од игуменот на Дохијарската обител, архимандритот Григориј. Повод за овој благороден чин е исцелението што Пресвета Богородица го направи со едно момче од Струмица, исцелувајќи го од целосна немост. Но, сепак, главната причина за овој бесценет дар е огромната љубов на Старецот Григориј и неговото братство за нашиот верен народ. Токму затоа, кога Старецот лично ја испраќаше иконата од Света Гора, од своето срце порача: „Нека оваа пресликана икона ја има истата сила и благодат како првообразната, та да дава исцеленија и твори чудеса на сите што со вера и притекнуваат!“
Asics shoes | Nike Air VaporMax for Men & Women - Buy Online - Ietp





