„Илија, со постот просветлен, се качи на божествената кола на добродетелите и се вознесуваше на небесната височина: него подражавај го, душо моја смирена, и пости од секоја злоба, и завист, и кавга и од секаква сладост на телесна наслада, за да ги избегнеш тешките маки од вечниот пекол, на Христа викајќи Му: Господи, слава Ти“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во Среда од првата седмица).

 

На 01.03.2017 година, во Првата среда од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходно осветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештеникот Димче Азески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. 

Adidas footwear | FILA FX-100 White Blue , Where To Buy , undefined , nike lebron 9 ps white house black screen

 

По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на исповед и покајание за свештенството  од нашата Епархија, а потоа се одржа и редовното свештеничко собрание, на кое беа разгледани повеќе прашања и проблеми меѓу свештенството, а Митрополитот Тимотеј ги извести присутните за настаните и преземените активности во изминатата година. 

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Целта на постот се јавува за преобразба на внатрешната состојба на човекот, односно, преобразување на срцето. Таа преобразба може да се случи само доколку човек се обраќа кон Бога. А обраќањето, пак, кон Бога се случува ако ние, како луѓе, имаме способност да ги согледаме нашите престапи и гревови. Но, ние сме, исто така, должни, не само да го спознаеме гревот, туку, да ја разбереме неговата природа. Без разбирање и осознавање на неговата природа, многу малку ќе се преобрази во нас.


Гревот е отстапување од Божјиот закон, откажување од Бога, односно, живот без Бога. Природата на гревот е многуобразна. Гревот, во животот на луѓето, се пројавува низ многу манифестации, и истите ние ги нарекуваме пороци. Меѓу нив има страшни и разрушителни кои ја рушат човековата личност. Има и такви, кои, на прв поглед изгледаат незлобливи и незначителни. Но, со нивно повторување, и тие го пореметуваат внатрешниот човеков мир. Помеѓу многуте човечки пороци, еден, којшто е во максимален степен и ја манифестира природата на гревот и неговата суштина, светата Црква го нарекува гордост. Ако гревот е откажување од Бога и ако гордоста во полна мера ја пројавува природата на гревот, тоа значи дека гордоста е оттргнување на Бога од животот на човекот. Гордоста е исклучување на Бог од нашиот живот. Но, ако Го исклучиме Бог од нашиот живот, што доаѓа на Неговото место? Не може да постои вакум, односно празнина. Секогаш таа празнина се пополнува. На местото на Бог, гордиот човек се поставува самиот себеси. Таквиот човек, сè што прави и делува, мисли дека тој, на сите полиња, во работата, во семејството, во науката, сè постигнува со своите способности, без никаква поткрепа, ни од луѓе, а уште помалку од Бог. Овој грев се појавува најчесто кај силни, моќни, богати и способни луѓе. Таквите во својот живот се однесуваат сурово, гордо, со презир кон околината, кон пријателите, доколку такви имаат, и на нив не им е потребно ништо друго, освен самите себеси. Забораваат да направат паралела дека има и други со исти дарби, со исти способности, дури и со поголеми можности од нивните. Но, луѓе, кои се свесни дека сето тоа што го постигнуваат, го постигнуваат со помош Божја, како и на околината во којашто дејствуваат. Истиснувањето на Бог од својот живот, таквите луѓе ги прави саможиви, сурови, невнимателни и недостапни. Додека, пак, кај луѓето кои се свесни за своите слабости и можности, секогаш бараат поткрепа и од луѓето, но пред сè и над сè, ја бараат Божјата помош. А Бог, како Милостив и Штедар, секогаш е подготвен да ја пружи Својата света десница да нè поткрепи и да нè подигне во нашите паѓања и да нè изведе на вистинскиот пат. Ни помага да се ослободиме од гордоста и суетата и да бидеме почесни, подобри и да се однесуваме како што ни доликува, човечки со сите со коишто комуницираме, односно да бидеме луѓе а никогаш нелуѓе.


Во времето на пост е токму периодот кога ние, како верници, треба да се анализираме како живееме, како постапуваме, како се молиме на Бога и како се однесуваме кон луѓето околу нас. Долгите богослужби за време на светата Четириесетница ни помагаат да ги осознаеме нашите слабости и да нè поттикнат на покајание и на поправање на нашиот живот. Нè поттикнуваат да ги отфрлиме многуте престапи и гревови кои се неминовни во нашиот секојдневен живот.


Ако сакаме може да направиме една попрактична компарација. Кога на човек му е потребен Бог и молитва и помош? Тоа може да го споредиме со млад човек, кој е полн во физичка и психичка сила, и кој не размислува дека сето тоа му е дадено од Бога и мисли дека сè може сам да постигне и дека постојано ќе биде со тие потенцијали. Додека, пак, во позрела доба, човекот осознава дека го напуштаат некогашните сили, и физички и умствени, и повеќе е склон да бара помош од луѓето, но најмногу од Бога.


Неслучајно светото Евангелие вели дека тешко богат човек може да влезе во царството Божјо. Евангелието не вели дека не може да влезе, туку, вели дека тоа е тешко. Тоа подразбира дека богатиот човек премногу се врзува со богатството, со силата, со моќта и не му е потребен Бог. Таквиот човек мисли дека тој сам може сè. Додека, пак, сиромавиот и беден човек, свесен е дека му е потребна помош, како од луѓето, така и од Бога. Таквиот човек нема гордост и повеќе е подготвен да се обраќа кон Бога. Кога се обраќа кон Бога, добива благодат и се преобразува во своето срце и душа и постанува почовечен, поблагороден, односно постанува прав човек.


И ние денеска, кои се наоѓаме во овој свет храм, да направиме анализа на нашите животи и да се обидеме да бидеме подобри, повоздржани, почесни, поисправни во нашите постапки и да отфрлиме секаква горделива мисла и самоувереност. Секогаш да Го имаме Бог за наш сопатник и поткрепувач. Па да можеме да го изодиме одредениот ни од во овој живот достоинствено и христијански и да се надеваме на милост Божја и да постигнеме вечен и блажен живот, сега и во сета вечност. Амин!

 

Прва среда на Великиот пост
01.03. 2017 година
храм „Успение на Пресвета Богородица-Каменско" - Охрид

 

првсреда2017 1првсреда2017 2првсреда2017 3првсреда2017 4првсреда2017 5првсреда2017 6првсреда2017 7првсреда2017 8првсреда2017 9првсреда2017 10првсреда2017 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5