„Како оној што беше паднат во рацете на разбојници и беше ранет, така и јас паднав во моите гревови, и душата моја е ранета: при кого да одам да се излекувам? Само при Тебе, Лекару на душите и телата; излеј ја на мене, Боже, милоста Твоја голема“ *стихира на стиховни на Вечерна во понеделник од Петта седмица на Великиот пост).

 

Во чест на преподобниот Бенедикт, а по повод именеденот на старешината на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Г. Манастирец, Македонски Брод, монахот Бенедикт, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Анатолиј. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач. Од името на целата епархија, му го честитаме именденот на монахот Бенедикт, со желби и молитви кон Бога, Он да му дарува крепко здравје уште долги години да го води и уредува манастирот во слава и чест Божја, а за спасение на неговата душа.

bridgemedia | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf
Повеќе...

„По зелените пасишта на Царството небесно си го нахранил стадото, оче, и кога со жезолот на догматите си ги изгонил ересите, си запеал: Боже на нашите татковци, благословен си“ (песна од Канонот на Утрена во Четврта недела од Великиот пост).

 

На 26.03.2017 година, во Четвртата недела од Великиот пост, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Стевчо Тошевски и Никола Христоски, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот кичевски народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

jordan Sneakers | Nike Dunk Low Coast UNCL - Grailify
Повеќе...

„Радувај се, Пречиста Владичице, очистилиште на светот. Радувај се, лествице, која со благодатта ги издигнуваш сите од земјата. Радувај се, мосту, кој навистина ги преведуваш од смртта кон животот, сите што тебе ти пеат“ (песна од Канонот на Акатист на Пресвета Богородица).

 

На 24.03.2017 година, во петокот од Четвртата седмица од Великиот пост, во манастирот „Пресвета Богородица“ Пречиста во Кичево, беше отслужен Акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски. Митрополитот Тимотеј, како грижлив пастир на своето стадо, ја искористи оваа посета на манастирот и за да се информира за новите зафати на сестринството и да им даде поддршка на сестрите во нивниот чесен труд. 

Authentic Sneakers | NIKE AIR HUARACHE
Повеќе...

„Весели се, радувај се, Цркво Божја, на дрвото најбогато поклонувајќи му се денес - на сесветиот Крст Христов: нему, пак, му служат ангелските чинови, и со страв стојат пред него“ (песна од Канонот на Утрена во Крстопоклона недела).

 

На 19.03.2017 година, во Третата недела од Великиот пост - Крстопоклона недела, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Темелко Донески, свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. Пред започнувањето на Литургијата, според типикот на светата православна црква, насреде храмот беше изнесен светиот Крст, а на сите кои му се поклонија, Митрополитот Тимотеј им подели гранче босилок. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верници со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

bridgemedia | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp
Повеќе...


Апел од Црквите и Верските заедници во Република Македонија

Црквите и верските заедници во Република Македонија, застапени во Уставот, со должно внимание ги следат настаните што веќе подолго време ги обременуваат секојдневието и живеењето на сите граѓани во Република Македонија.  

            Оваа прилика е историска можност да покажеме дека навистина ја сакаме нашата заедничка Татковина – Република Македонија, без разлика на која национална и верска заедница припаѓаме. Треба да сфатиме дека вистинско заедничко живеење се постигнува единствено во мир, со почитување на различностите и на правата на секој поединец, без скратување и нарушување на правата и достоинството на другите.  

Затоа, како Цркви и верски заедници, апелираме за смирување на состојбите, за покажување на добра волја и разумност во одлуките и постапките; повикуваме на воздржување од дејства што можат да ја  загрозат државната, но и безбедноста на луѓето, на домовите, на семејствата и на сите нас, воопшто.

Апелираме до политичарите и партиите да го покажат своето човекољубие и родољубие и во духот на почитувањето и толеранцијата да преземат заеднички и неодложни мерки, засновани врз легитимни државни и законски прописи, во надминувањето на искушенијата и опасностите што демнат.

Само така, сплотени и единствени, достојно ќе покажеме пред целиот свет дека мултиетничкото и мултирелигиозното општество во кое живееме може да функционира и опстојува. Сето тоа веќе се потврдило во нашата заедничка историја. Затоа, и ние како генерација, да покажеме преку личниот пример и со своите дела, а за доброто на нашата Татковина, дека сме доследни и достојни  наследници на нашите претходни генерации, дека сме вистински верници и патриоти.

Впрочем, единствено така ќе покажеме дека сме достојни и на родот и на верата на кои им припаѓаме!

Sports brands | adidas
Повеќе...
Страница 151 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5