„Како оној што беше паднат во рацете на разбојници и беше ранет, така и јас паднав во моите гревови, и душата моја е ранета: при кого да одам да се излекувам? Само при Тебе, Лекару на душите и телата; излеј ја на мене, Боже, милоста Твоја голема“ *стихира на стиховни на Вечерна во понеделник од Петта седмица на Великиот пост).
Во чест на преподобниот Бенедикт, а по повод именеденот на старешината на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Г. Манастирец, Македонски Брод, монахот Бенедикт, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Анатолиј. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач. Од името на целата епархија, му го честитаме именденот на монахот Бенедикт, со желби и молитви кон Бога, Он да му дарува крепко здравје уште долги години да го води и уредува манастирот во слава и чест Божја, а за спасение на неговата душа.
bridgemedia | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf





