„Наследнику Божји, сопричеснику Христов, служителу Господов, свети Николае, какво што ти е името, таков ти е и животот твој, зашто засветли со зрел разум; светлоста на лицето твое сведочеше за незлобивоста твоја и за кроткоста твоја; животот твој е славен, и успението твое со светите; моли се за душите наши“ (стихира по Евангелие на Утрена на свети Николај Мирликиски Чудотворец).
На 19.12.2017 година, на денот на споменот на светиот Николај Мирликиски Чудотворец, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, еромонахот Доситеј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Анатолиј. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.
best Running shoes brand | Men’s shoes