„Имајќи ја смелоста на маченик пред Господа, преблажен Георгие, срдечно проси спасение за тие што ти пеат, барајќи ослободување од душевните маки со твоите молитви, маченику страдалнику“ (песна од канонот на Утрена на св. вмч. Ѓорѓи).

 

На 09.12.2017 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот великомаченик, Чудотворец и победоносец Ѓорѓи, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Владо Недески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

latest Running Sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Pochta News

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Божјите угодници, во нашите свети цркви, ги прославуваме со двојна цел. Прво, да се поучиме од нивниот животен пат, за да можеме да ги подражаваме, а истовремено, во светиот храм доаѓаме, за да оствариме средба со нашиот Спасител Господ Исус Христос. А пред сè, таа средба ќе ја оствариме, соединувајќи се со Него, преку светата тајна Евхаристија. Добро познат ни е животниот пат на св. вмч. Георгиј, кој го жртвувал својот живот за правдата и вистината. Се жртвувал за да им помогне на христијаните, кои, немилосрдно биле гонети и убивани од страна на Римскиот император Диоклецијан. Овој млад човек ја жртвувал својата младост, ја жртвувал својата кариера и сите удобности на овој свет. Но, ги жртвувал, за да здобие вечен и блажен живот. Се поставува прашањето, како се спечалува вечниот живот? Треба да кажеме дека не е само мачеништвото патот со кој се стекнува вечниот и блажен живот.


Уште во Стариот завет, премудриот Соломон рекол: „Она што е разрушен град, без ѕидови, таков е човекот, кој не владее со духот свој" (Изреки 25, 28). Град кој е без ѕидини е незаштитен, како од надвор, така и од внатре. Во таквиот град би можел да влезе секој кој не би требало да влезе и да излезе секој кој не би требало да излезе. Се разбира дека станува збор за стари времиња, кога сите градови биле опкружени со своите крепости. Таквиот град е сличен на човек кој не владее со себе, односно, кога се во прашање влијанијата коишто доаѓаат од надвор. Но, исто така, тој не владее со себе и кога се во прашање чувствата, мислите, желбите и нагоните кои се наоѓаат во него. Затоа, таквиот човек нема способност да разговара со Бога по пат на молитва и да се сретне со Него кога е тоа потребно. Човекот треба да се подготвува за средба со Бога. Во секојдневниот живот секојдневно се подготвуваме за средба со обични луѓе. Размислуваме како да се сретнеме, за што да разговараме, како да се однесуваме, дури и како да се облечеме. Но, многу поголема подготовка е потребна за средба со Бога. Да се подготвуваме подготвувајќи го своето срце и душа, упатувајќи ги своите мисли и чувства кон небото и кон Бога, миејќи ја својата душа од сè што не е добро и возвишено, облекувајќи се во нова духовна облека и симнувајќи од себе сè што е нечисто.


Често пати можеме да слушнеме како луѓето се жалат дека Бог не им одговара на нивните прозби и молитви и дека е отсутен кога Го бараат. Но, не се запрашуваат, дали не се токму тие за коишто светиот пророк Исаија вели: „Со ушите ќе чуете и нема да разберете, и со очи ќе гледате – и нема да видите" (Ис. 6, 9)? Дали не спаѓаат во оние што со своите обврски залутале во овој свет, па немаат време да ги слушнат Божјите пораки и Бога да Го видат? Бог Своите пораки постојано им ги упатува на луѓето. Ги упатува преку устите на многу познати и непознати. Он се наоѓа во лицето на мнозина кои се наоѓаат покрај нас и околу нас. Бог постојано ни се јавува и ни зборува. Потребно е само да гледаме и да слушаме, според Христовите зборови: „Кој има уши да слуша, нека чуе!" (Мт. 11, 15).


Колку пати Бог тропнува на нашата совест, на нашите мисли и чувства? Бог постојано нè бара, но, ние го игнорираме! Често пати одговараме: Сега сум зафатен и немам време. Дојди друг пат! Уморен сум и ми треба одмор. Така ние одговараме на Божјиот повик. Бога постојано можеме да Го сретнеме пред вратите на нашето срце: „Ете, стојам пред вратата и чукам" (Откр. 3, 20). Како што Бог, по Својата слободна волја доаѓа кај нас, така, и ние треба слободно да пристапиме кон Него, отворајќи Му ја вратата на нашето срце. Но, за да можеме да ја отвориме вратата на нашето срце, претходно, треба да го истераме нечестивиот од нас. Тоа е најглавната подготовка за средба со Бога.


Денеска, прославувајќи го св. вмч. Георгиј, да се обратиме со искрена молитва кон него да ни ја закрепи верата. Да ни ја умножи љубовта, па од наши срца и мисли да отфрлиме секакво зло и така, да го подготвиме нашето битие за средба и соединување со нашиот Спасител Господ Исус Христос, сега и во сета вечност. Амин!

 

св. вмч. Георгиј
09.12.2017 год.
храм „Св. вмч. Георгиј" – Охрид

 

svgjorgjizim2017 1svgjorgjizim2017 2svgjorgjizim2017 3svgjorgjizim2017 4svgjorgjizim2017 5svgjorgjizim2017 6svgjorgjizim2017 7svgjorgjizim2017 8svgjorgjizim2017 9svgjorgjizim2017 10svgjorgjizim2017 11svgjorgjizim2017 12

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5